Модни трикови со кои визуелно ќе ги издолжите нозете

Избегнувајте чевли во контрастни бои со панталоните бидејќи создаваат илузија на пократки нозе.

modni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-gi-izdolzhite-nozete-001.jpg

Чевлите со висока потпетица се најлесниот начин да ги издолжите нозете.

Сепак, и други ситници во облеката може да ви помогнат да постигнете сличен ефект.

Модни трикови за визуелно подолги нозе:

На долниот дел од телото носете монохроматска облека

Избегнувајте панталони и здолништа со многу детали и држете се до едноставни, еднобојни парчиња.

Еднобојните фустани и здолништа создаваат илузија на подолги нозе за разлика од шарените.

modni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-gi-izdolzhite-nozete-02.jpg

Носете фармерки со висок струк

Панталоните и фармерките со низок струк прават торзото да ви изгледа подолго, но ги скратуваат нозете.

Моделите со висок струк, од друга страна, прават нозете да изгледаат подолги, а притоа ја истакнуваат половината.

modni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-gi-izdolzhite-nozete-03.jpg

Носете вертикални шари

Ако сепак сакате нешто со дезен на долниот дел од телото, држете се до вертикални шари.

Вертикалните шари создаваат илузија на подолги нозе.

modni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-gi-izdolzhite-nozete-04_copy.jpg

Носете чанта со кратки прерамки или чанта со иста боја како панталоните

Чантата со мали прерамки, како на втората фотка, прави нозете да ви изгледаат подолги.

Ако сакате да носите друг модел, тогаш чантата и панталоните или здолништето нека бидат иста боја.

Ова координирање на боите визуелно ги издолжува нозете.

modni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-gi-izdolzhite-nozete-05_copy.jpg

Избегнувајте контраст меѓу панталоните и чевлите

Кога чевлите и панталоните се иста или слична нијанса, нозете ќе ви изгледаат подолги.

modni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-gi-izdolzhite-nozete-06_copy.jpg

Со кратки здолништа и панталони, носете чевли со боја на кожа

На овој начин ќе го избегнете контрастот помеѓу ногата и чевлите, па нозете ќе ви изгледаат подолги.

modni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-gi-izdolzhite-nozete-7.jpg

Избегнувајте колани во контрастни бои со панталоните

Слично како чевлите, и коланот не треба да создава контраст со панталоните.

modni-trikovi-so-koi-vizuelno-kje-gi-izdolzhite-nozete-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Модна инспирација: Пролетни и летни комбинации со долги здолништа (фото) Тесни или во А-крој, без разлика за кое од нив ќе се одлучите нема да погрешите,...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им ...
8 модни парчиња што вреди да ги купите оваа есен (дури и ако гардероберот ви е преполн) Мантил со маслинеста боја и црни мокасини – со кои парчиња ќе бидете тренди оваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg