Елена Најдоски одржа модна лекција: Како да ја комбинирате белата боја и во зима?
Бел фустан искомбиниран со црна панделка, бел костум и бела блуза со крем капут... Елена Најдоски покажа дека белата боја може да изгледа елегантно и во зима, ако знаете како да ја искомбинирате.
Иако многумина сметаат дека белите аутфити не се за во зима, нашата ТВ водителка и инфлуенсерка Елена Најдоски наоѓа начини како совршено да ги искомбинира и одржа вистинска лекција по елеганција.
Бел елегантен фустан, бела блуза со црни риги искомбинирана со кремаст капут и кремасти пантолони, но и целосно бел костуим, надополнет со брош и светкави чизми од колекцијата на дизајнерот Jimmy Choo.
Претпразничните изданија на Елена Најдоски зрачат со елеганција, па воопшто не зачудува фактот што таа важи за една од најубаво облечените дами во Македонија.
Погледнете неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм