Како да ја спасите врската со партнерот, дури и кога ви изгледа безнадежно?
Почнете да работите на личните проблеми неповрзани со партнерот и дајте си простор еден со друг – Што друго можете да направите за да ја спасите врската, дури и кога ви изгледа безнадежно?
Не секогаш паровите раскинуваат бидејќи помеѓу нив повеќе нема љубов.
Некогаш причината за разделбата се проблемите кои ги игнорирале и на кои не работеле.
Ако сте во ваква ситуација, важно е да знаете дека сепак можете да ја спасите врската, дури и ако ви изгледа безнадежно.
Неколку совети што ќе ви помогнат во тоа:
Размислете за вашите чувства
Добро размислете како се чувствувате – дали сте изложени на многу стрес, дали се соочувате со сериозни проблеми, дали сте несреќни поради нешто друго, а не партнерот…
Неретко, врската страда кога се чувствуваме лошо и не работиме на себе. Пробајте да го најдете коренот на личните проблеми и негативните емоции.
Доколку тоа не е партнерот, пробајте да работите на нив. Истото треба да го направи и партнерот.
Фокусирајте се на други области од вашиот живот
Врската со партнерот е важна, но не треба да биде единствениот фокус во вашиот живот.
Ако сте запоставиле многу други аспекти, како пријатели, семејство и хобија, кога тогаш ќе почнете да се чувствувате мизерно.
Не очекувајте само партнерот да прави да се чувствувате исполнето.
Одете на патување
Модерниот живот е многу стресен, а веќе спомнавме дека ова може да има негативно влијание врз односот со партнерот.
Па, одвојте еден викенд за кратко патување кое ќе ви помогне да се оддалечите од секојдневните проблеми и ќе ви даде можност повторно да се зближите.
Дајте си простор со партнерот
Ако забележувате дека се оддалечувате од партнерот, веројатно упорно ќе пробувате да го промените тоа.
Сепак, ако станете премногу нападни, може да го постигнете спротивниот ефект од она што го сакате.
Некогаш е многу подобро дa си дадете простор да размислите за вашите чувства.
Бидете личноста во којашто се вљубил партнерот
Со текот на времето сите се менуваме и тоа е сосема нормално.
Учиме од искуствата, стануваме помудри и созреваме.
Но, овие промени не се секогаш добри. Па, и вие и партнерот размислете дали и колку сте се промениле на полошо.
Дали ја покажувате љубовта како и претходно? Дали одвојувате време само за вас двајцата како и порано? Дали се смеете заедно? Дали сте задоволни од сексуалниот живот?
Спирова С. | Црнобело