„Одглумете главоболка пред легнување“ – смешни секс совети за жените од 19-тиот век (18+)
„Никогаш не се појавувајте разголени пред сопругот затоа што ќе го возбудите непотребно“ – стои во еден од секс советите за млади невести, собрани во книга од 1894-та година. Погледнете како ги советувале жените да се однесуваат со сопрузите за време на сексот и што треба да направат ако тој побара орален секс.
Рут Смитерс била сопруга на пастор, а во обид да им помогне на младите невести, во 1894-та година објавила книга со секс совети.
Нејзината книга „Секс совети за сопружници“ денес е практично неприменлива и може да биде само добар извор на хумор.
Во 19-тиот век жените биле сфатени како невини суштества коишто треба да бидат лишени од сексуалноста, а сексот бил нужно зло што треба да го истрпат за да родат деца.
Од друга страна, мажите се сметале за сексуални манијаци, што ја напаѓаат партнерката ако видат само мал дел голотија кај неа.
Жените биле советувани да покажат дека не прифаќаат секс лесно и дека тоа го прават против своја волја.
Во продолжение погледнете неколку секс совети извадени од книгата на Рут:
Одбивајте секс!
Ако мажите не ги одбивате за секс, тие секојдневно ќе го бараат. Затоа, потребно е веднаш да се спротивставите на тоа.
Како да избегнете бакнеж?
Ако мажот се обиде да ве бакне во уста свртете ја главата настрана за да ве бакне во образ.
Главоболка
За да избегнете секс, најдобро е да одглумите главоболка или мигрена еден час пред да си легнете.
Не се разголувајте
Никогаш не се појавувајте разголени пред сопругот затоа што ќе го возбудите непотребно.
Глумете дека сте мртви
Ако имате секс, најдобро е тоа да се случува во целосно затемнета просторија. Добро е да се правите мртви затоа што и најмалото движење може да го наведе да мисли дека уживате во сексот.