„Одглумете главоболка пред легнување“ – смешни секс совети за жените од 19-тиот век (18+)
Романтика
Во сексот не треба да има романтика, а на сопругот му е дозволено да ви ја крене ноќницата само до колковите.
Разговарајте
За време на сексот, најдобро е да молчите, но можете и да разговарате, но не на која било тема. Најдобро е да зборувате непрестајно за домашните обврски.
Ако ви се приближи со „гнасниот дел од телото“ свртете ја главата
Мажите по природа се перверзни, па ако се обиде „гнасниот дел од телото“ да ви го приближи до устата, веднаш свртете ја главата.
Не му дозволувајте да ве бакнува секаде
Ако се обиде да ве бакне каде било освен во образ, веднаш спуштете ја ноќницата, извинете се и речете му дека итно морате во тоалет.
Изгаснете ги светлата
Ако не можете да избегнете секс, изгаснете ги сите светла во просторијата. Можеби сопругот ќе се сопне и ќе се повреди на патот до креветот, а вие ќе избегнете секс.
Б. С. Б. | Црнобело