10 правила за врските и сексот од Саманта Џоунс во „Сексот и градот“ – има ли вистина?
„Сексуалноста ја користам за да го привлечам вниманието на мажот кон мене, а дури потоа го освојувам со мојот карактер и индивидуалност“ - е едно од многуте правила за врските и сексот по кои фамозната публицистка Саманта се водеше во хит-серијата „Сексот и градот“. Кој ви беше вас омилен лик?
Саманта за многумина е најлегендарен лик во „Сексот и градот“, без влакна на јазикот и која не се срами од тоа што сака да ужива во животот, ослободена од правилата на општеството.
Фабулозната публицистка живееше со став дека може да го освои Њујорк и неговите мажи, а со нејзиниот храбар карактер, со згодните мажи во нејзиниот живот и љубовта кон себе, таа остави белег како моќна и независна жена од малите екрани.
Иако не сите се согласуваат со нејзиниот стил на живот и недостаток на сериозност, сепак мора да признаеме дека е уникатен лик, кој за животот и љубовта се водеше по свои правила, кои честопати ги пренесуваше низ нејзините фамозни реплики во серијата.
Во продолжение издвојуваме 10 од нејзините цитати кои може да се сметаат за љубовни правила:
Правило 1
„Мажот си заминува со подеднаква леснотија од жената со која имал секс на прв состанок, и од онаа со која имал секс на 10-тиот состанок“.
Правило 2
„Сексуалноста ја користам за да го привлечам вниманието на мажот кон мене, а дури потоа го освојувам со мојот карактер и индивидуалност“.
Правило 3
„Одбивањето да се спие со маж на прв состанок е правило измислено од жените кои никој не ги сака, само за да им го уништат расположението на оние кои сите ги сакаат“.
Правило 4
„Ако му кажете на маж ‘Те мразам’, ќе го имате најдобриот секс во животот, но ако му кажете ‘Те сакам’, може да не го видите никогаш повеќе“.
Правило 5
„Сексот е тоа што се случува помеѓу двајца кои се сакаат. Или помеѓу двајца кои сакаат секс“.
Правило 6
„Порано или подоцна, сите луѓе во брак престануваат да имаат секс“.
Правило 7
„Неопходно е да не размислувате толку многу, туку да бакнувате повеќе“.
Правило 8
„Тоа што се случило е во минатото, остави го таму“.
Правило 9
„Ако личи дека е премногу добар за да биде реален, веројатно е“.
Правило 10
„Ако си сингл, светот е твојата шведска маса“.
M. M. | Црнобело