9 работи за кои никогаш не треба да се извинувате за време на секс (18+)
Кога не се чувствувате пријатно во некоја секс поза, кога не можете веднаш да постигнете оргазам, кога сакате да водите љубов со изгасени светла. За кои други работи нема потреба да се извинувате за време на секс?
На сите им се случува понекогаш да се соочат со некоја непријатна ситуација за време на секс, за која сметаат дека веднаш треба да му се извинат на партнерот.
Дали треба да се извините ако премногу брзо доживеете оргазам или ако ве фати грч во ногата среде секс?
Според секс терапевтот Елизабет Фредерик постојат 9 работи за кои сите треба да престанат да се извинуваат за време на сексот.
Погледнете кои работи се сосема нормални и затоа нема потреба да чувствувате грижа на совест заради нив:
Времето што ви е потребно за да постигнете оргазам
Некогаш може да се случи да стигнете до врвот веднаш, а некогаш може да ви биде потребно долго време или пак воопшто и да не доживеете оргазам.
Но, не значи дека нешто не е во ред ако оргазмот се случи премногу брзо или премногу бавно – затоа нема потреба да се извинувате.
Несакани звуци
Понекогаш за време на сексот може да се случи да дојде до несакани звуци и тука не се мисли само на воздишките, туку и на звукот што може да биде произведен од телото...
Не е нешто што го правите намерно, затоа нема потреба да се извинувате.
Кога ќе кажете дека нешто не ви се допаѓа
За да биде сексот добар и двајцата партнери треба да бидат согласни дека тоа што го прават им се допаѓа. Нема потреба да се извинувате ако некоја секс поза или нешто друго во интимниот чин не ви се допаѓа.
Кога вашето тело не одговара онака како што сте очекувале
Минатиот пат некои допири ве возбудувале, но сега како да не чувствувате ништо. Возбудата зависи од повеќе фактори, па некогаш ви е потребен малку поинаков начин на стимулација и нема потреба да се извинувате за тоа.