4-те најчести секс проблеми на паровите + која поза е решение за нив
Проблем: Недостиг од интимна поврзаност - Многу парови се борат за да креираат интимност, страст и желба за секс и често затоа што премногу се фокусираат на тоа да доживеат оргазам.
Сосема нормално е во некој период од животот партнерите да се соочат со проблеми во сексуалниот живот.
Но, кои се најчестите секс проблеми на паровите?
Истражување на онлајн клиниката за секс проблеми „Between Us Clinic“ направено преку разговори со 43 секс терапевти, дојде до следните заклучоци.
Најчестите секс проблеми на паровите:
Прерана ејакулација
Од ова се погодени околу 30-40% од мажите. Иако сексот не мора да трае предолго за да биде одличен, сепак ако е прекраток може да биде проблем.
Секс пози решение:
Поза лажичка, мисионерска, кучешка и каубојска.
Во овие секс пози, особено лажичка позата, мажот има контрола и поради аголот и начинот на пенетрација може да ја одложи ејакулацијата.
Кога мажот ќе забележи дека е при крај треба да го намали интензитетот на пенетрација и да забави.
Недостиг од интимна поврзаност
Многу парови се борат за да креираат интимност, страст и желба за секс и често затоа што премногу се фокусираат на тоа да доживеат оргазам.
Секс пози решение:
За зближување со партнерот има секс пози кои помагаат и тоа лотус, мисионерска, каубојска и лажичка.
Контактот со очи е клучен при овие пози како и можноста да се бакнувате додека имате секс.
Болка за време на секс
Една од 10 жени чувствува болка при сексот, велат резултатите од истражувањето. Некогаш се случува поради здравствени проблеми како ендометриоза на пример, а понекогаш поради психичка напнатост.
Секс пози решение:
Првенствено консултирајте се со доктор. Инаку најдобра секс поза е каубојската, каде жената има контрола колку е длабока пенетрацијата. Исто така, клучно е да има предигра, без разлика дали со орален секс или рака.
Недостиг од клиторисна стимулација
Дури три четвртини од жените имаат потреба од клиторисна стимулација за да дојдат до оргазам, пенетрација не им е доволна.
Секс пози решение:
Каубојска, кучешка и обратна каубојска поза се соодветни затоа што така мажот има пристап до клиторисот на жената и може да го стимулира со допири.
Некогаш може и спонтано при овие пози да дојде до триење на клиторисот на жената од телото на мажот.
Прочитајте и Најдобрата секс поза за секој маж, зависно од „надареноста“ (18+)
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com