Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Секс поза за оние што бараат поголема блискост со партнерот – Сите варијации на „Лотус“

Иако многумина сметаат дека мисионерската поза е најинтимната поза во сексот, тоа не е точно. Позата лотус се смета дека е онаа што обезбедува најголема интимност и блискост со партнерот.


Seks-pozicija-za-onie-shto-baraat-pogolema-bliskost-so-partnerot-site-varijacii-na-lotus-01.jpg

Вообичаено оваа поза подразбира едниот партнер да седи со скрстени нозе, а другиот да седи врз него. На овој начин, директниот поглед во очи и блискоста на телата овозможуваат поголема поврзаност помеѓу партнерите.

Дополнително имате можност за бакнување, милување и размена на нежности. Затоа оваа положба се препорачува за сите оние што копнеат за поголема блискост и интима со партнерот. Со други зборови, оваа положба не е наменета за оние што бараат брз секс, туку за оние што бараат поголемо зближување.

Оваа поза е добра за стимулација на клиторисот, па затоа често припадничките на понежниот пол доживуваат оргазам додека водат љубов токму на овој начин. Освен тоа, позата има повеќе варијации.

Основна лотус поза

Партнерот треба да седне со прекрстени нозе на креветот, стол или на каучот. Партнерката најчесто седнува врз нив и ги свиткува нозете околу него. Наместо со скокање горе-долу, партнерката ги движи колковите напред-назад како да се ниша.

Seks-pozicija-za-onie-shto-baraat-pogolema-bliskost-so-partnerot-site-varijacii-na-lotus-02.jpg

Лотус со исправени нозе

Доколку имате потесни колкови, едниот или двајцата партнери може да ги исправат нозете пред нив. Доколку сте на софа или на стол, партнерот може да ги стави нозете на подот, а не да ги прекрсти.

Исто така, можете да користите и перница за поголема поддршка. Доколку партнерот има проблем со флексибилноста на колковите, перницата може да биде од помош. Навалувањето нанапред или наназад може да направи партнерката да се чувствува поудобно.

Seks-pozicija-za-onie-shto-baraat-pogolema-bliskost-so-partnerot-site-varijacii-na-lotus-03.jpg

Лотус што клечи

Со цел на партнерот да му дадете малку одмор од тежината, наместо да ги обвиткате колената околу неговата половина, можете да клекнете врз скутот на партнерот.

Seks-pozicija-za-onie-shto-baraat-pogolema-bliskost-so-partnerot-site-varijacii-na-lotus-04.jpg

Активен Лотус

Доколку сте од оние што сакаат поакробатски позиции, можете да направите модификација со навалување наназад и придржување на телото со рацете. Исто така оваа поза е наменета и за оние што не сакаат бавен секс, а бараат поголема интима. На овој начин се зголемува аголот со што се добива поголема стимулација на Г-точката.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg