„Бракот ми се распадна затоа што сум автосексуалец – ниту еден маж не знае како да ме задоволи“

„Јас сум автосексуалец. Во иднина, не се гледам себе со некој друг и тоа е една од главните причини заради кои ставив крај на бракот“ – вели бразилскиот модел Луана Сандиен која била во брак со НБА кошаркарот Масиеј Лампе и тврди дека ниту еден маж не знае како да ја задоволи како што знае самата.

brakot-mi-se-raspadna-zatoa-shto-sum-avtoseksualec-nitu-eden-mazh-ne-znae-kako-da-me-zadovoli-01.jpg

Автосексуалците се личности кои ги привлекува сопствениот лик и многу повеќе уживаат да мастурбираат отколку да имаат секс со друга личност.

Степенот на автосексуалност може да се разликува од личност до личност, но во основа овие луѓе се многу повозбудени кога се гледаат себе во огледало, отколку кога водат љубов со партнер.

brakot-mi-se-raspadna-zatoa-shto-sum-avtoseksualec-nitu-eden-mazh-ne-znae-kako-da-me-zadovoli-02.jpg

Луана Сандиен (29) е поранешен Playboy модел и поранешна сопруга на полскиот НБА играч Масиеј Лампе.

Таа тврди дека е вљубена во себе и повеќе сака самата да „си дава“ љубов отколку да има секс со друг маж – таа тврди дека е автосекуалец и дека најубаво се чувствува кога сама со себе води љубов.

„Кога мастурбирам сакам да го замислувам сопственото тело и лице. Во тие мигови се замислувам себеси, а не некој друг маж или друга личност.

Имам огледала низ цела куќа и разголени портрети. Секогаш сакам да се гледам себе и сопственото тело“ – вели таа.

brakot-mi-se-raspadna-zatoa-shto-sum-avtoseksualec-nitu-eden-mazh-ne-znae-kako-da-me-zadovoli-04.jpg

Љубовта што таа ја има кон себе е многу посилна од привлечноста што на одредени моменти ја чувствува за други мажи.

„Не поминува многу време пред повторно да ја видам истата личност и да сфатам дека веќе не ми се допаѓа. Многу брзо ми стануваа здодевно.

Ниту еден маж не успева да ми го даде тоа што можам самата да си го дадам.

Ако одам на состанок со маж и потоа имаме секс, нема да се чувствувам задоволено затоа што многу е тешко мене да ме возбудите и се чувствувам дека тој не знае што да прави.

Јас најдобро го познавам сопственото тело и знам што му треба за време на секс“ – вели таа.

brakot-mi-se-raspadna-zatoa-shto-sum-avtoseksualec-nitu-eden-mazh-ne-znae-kako-da-me-zadovoli-03.jpg

Кога имала 19 години Луана го запознала НБА кошаркарот Масиеј Лампе со кого две години била во врска, а потоа одлучила и да стапи во брак.

Тие двајца заедно го имаат синот Адам (8), но Луана вели дека постојано чувствувала како нешто да ѝ недостасува во бракот и одлучиле да се разведат.

„Бев млада кога го запознав и мислам дека никогаш не бев вистиснки вљубена. Да, имав семејство, но тоа не ми беше доволно.

Чувствував како да ми недостасува нешто. Но, сега знам дека си недостасував сама на себеси.

Сакав да бидам сама. Во иднина, не се гледам себе со некој друг и тоа е една од главните причини заради кои ставив крај на бракот“ – вели таа.

brakot-mi-se-raspadna-zatoa-shto-sum-avtoseksualec-nitu-eden-mazh-ne-znae-kako-da-me-zadovoli-05.jpg

Луана е присутна и на социјалните медиуми каде редовно објавува сопствени фотографии, вели дека редовно има понуди за секс од голем број мажи, но дека ги одбива.

На следната страна погледнете повеќе нејзини фотографии...



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg