Покажете љубов, со цвеќе
Тоа сите го знаат - црвеното симболизира љубов и оган и нема сомнение дека на овој ден на заљубените, улиците ќе зацрвенеат под пламениот жар...
...на цвеќето и љубовта.
Немојте да го пропуштите овој 14 февруари, на саканата личност да и ги напишете со цветови сите оние зборови кои не се осмелувате да и ги кажете.
Ружата е цветниот знак на Афродита, таа е знак на живот, љубов и повторно раѓање.
Она што се заборавило е дека овој ден се слави како сеќавање на смртта на епископот Валентин, кого го осудил суровиот император Клаудиј, човекот кој на денот на своето погубување се заљубил во девојката која ја излечил...
Многу обичаи денес го следат празнувањето на овој празник. Еден од нив се состои во верување дека на тој ден може да се дознае името на младоженецот.
Постојат многу комплицирани начини, но суштината е девојката да прочита машко име напишано на некој лист хартија. Работата е многу едноставна, порачајте цвеќе, напишете нешто убаво и потпишете се...
Ако сакате вашата врска да ја претворите во долг и среќен заеднички живот, Денот на заљубените е убава прилика за тоа.