„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“
Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапени во машкиот ејакулат. Оваа млада Американка по секој секс чувствува болка и печење, па вели дека алергијата целосно ѝ го уништила сексуалниот живот.
Сексот би требало да биде пријатно искуство, а оваа млада жена од САД, тврди дека за неа е кошмар и самата помисла да биде интимна со некого. Таа е алергична на семена течност и кондоми, па за неа секое сексуално искуство е вистински кошмар.
Алисон Тенисон (34) гостуваше во емисија во САД, каде откри дека заради нејзината алергија на семена течност и кондоми, за неа сексот е непријатно искуство.
„Многу е тешко... Не можам да имам интимни односи затоа што воопшто не ми е удобно и не смеам ниту да користам кондоми“ – вели таа.
Кога имала 24 години на Алисон ѝ бил дијагностициран синдром на Елерс – Данлос, кој опфаќа група од повеќе наследни пореметувања, кои влијаат врз кожата, зглобовите и ѕидовите на крвните садови.
Овие луѓе обично имаат премногу флексибилни зглобови, кожата им се растегнува, а болестите на кожата тешко се лекуваат. Секоја рана остава огромна лузна.
Напредната фаза на болеста може да предизвика пукање на ѕидовите на крвните садови, внатрешните органи и матката, заради што се потребни сериозни консултации пред забременување.
„Плачев многу, да бидам искрена. Воопшто не ни знаев дека може да имам такво заболување затоа што никогаш не сум слушнала за такво нешто“ – вели Алисон.
Освен тоа, Алисон направила алерготестови на 160 алергени, по што дознала дека е алергична на семена течност, но и на никел и на пеницилин.
Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапени во машкиот ејакулат. А Алисон вели дека кога нејзината кожа ќе стапи во контакт со алергенот, веднаш чувствува печење на кожата.
Но, и покрај алергиите таа вели дека ужива во концептот за сексот, но не ѝ се допаѓа тоа што следува.
„Секогаш имам секс, но само првичните делови. Тоа што не можам да ја почувствувам ејакулацијата на партнерот не е исто и ме ограничува“ – вели таа.
Иако таа сака со партнерот да пробаат да одат до крај, вели дека болката што потоа ја чувствува ја одбива од тоа.
„Ме боли. Мојот партнер не сака тоа да се случи. Никому не му се допаѓа да го повредува партнерот за време на секс“ – вели таа.
Секако, многумина би помислиле дека кондомот може да го реши проблемот, но ниту тоа не може да биде решение за неа, затоа што е алергична и на минералите што се користат за изработка на презервативите.
„Не можеме да бидеме доволно интимни заради алергиите. Јас не сакам да чувствувам печење, тој не сака да ме гледа како плачам, па навистина ни е тешко“ – вели Алисон.
Алисон и нејзиниот партнер размислуваат за деца во иднина, но самата вели дека е премногу уплашена и не може да замисли како би можел да се одвива тој процес.
Б. С. Б. | Црнобело