Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+)

„Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има благ вкус?“ - ова е само една од секс дилемите на тинејџерите, а за која одговор бараат преку ChatGPT. Дали родителите треба повеќе да разговараат на овие теми со своите деца?

najchudnite-prashanja-za-seksot-shto-tinejdjerite-gi-postavuvaat-na-chatgpt-18-01.jpg

Иако сексот одамна не е табу тема, многу тинејџери за ова не разговараат со родителите или некој повозрасен од себе, туку одговорите ги бараат на интернет.

Делумно се „образуваат“ на оваа тема преку ТикТок, гледајќи порно филмови, во разговор со врсниците кои веќе ги имале првите сексуални искуства и на други слични начини.

Но, во времето на модерната технологија и вештачката интелигенција, многу тинејџери бараат одговори преку ChatGPTChatGPT е четбот со вештачка интелигенција кој процесира природен јазик за да создаде разговорен дијалог сличен на оној што го користат луѓето. Овој јазичен модел може да одговора на прашања, да составува различни содржини во пишана форма (вклучувајќи статии, објави за социјални мрежи, есеи, дури и одговори за пораки на меил).

Британскиот весник Metro.co.uk објави листа на некои од најчудните прашања што ги поставуваат тинејџерите преку ChatGPT:

„Како најбрзо да најдам некој за да имам секс?“

„Кој е совршениот ритам кој треба да го следам кога орално го задоволувам дечкото?“

„Ако еден ден мастурбирам со левата рака, а следниот со десната, дали се смета дека имам неколку сексуални партнери?“

„Мојот пенис е преголем за кондоми. Може ли да користам ќеса за ѓубре или нешто слично?“

„Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има благ вкус?“

najchudnite-prashanja-za-seksot-shto-tinejdjerite-gi-postavuvaat-na-chatgpt-18-02.jpg

„Може ли девојка да забремени преку седиштето на тоалетот?“

„Зошто се чувствувам како врколак за време на сексот?“

„Кога геј мажи имаат секс, како решаваат чиј пенис ќе се отвори за да го прими другиот пенис?“

„Може ли да забременам ако момче ми ги допира градите со устата?“

„Кога е вистинска возраст да почнам да го учам моето куче да има секс?“

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg