4 грешки во комуникацијата со партнерот со кои несвесно си ја уништувате врската
Дали избегнувате да разговарате со партнерот за работите што ви пречат, па само си замислувате црни сценарија? Со ова не си правите никаква услуга и само ја уништувате вашата врса.
Не треба да бидете експерт за машко-женските односи за да сфатите дека добрата комуникација е основа на секоја врска.
За добра комуникација, најважна е емоционалната интелигенција, односно разбирањето на вашите и чувствата на партнерот.
Ова се најчестите грешки во комуникацијата со партнерот за кои можеби не сте свесни:
Не поставувате интересни прашања
Понекогаш, недостатокот од интерес може да биде голем проблем. Со текот на времето почнуваме да имплицираме одредени работи и забораваме дека треба да покажеме интерес за животот на партнерот.
Ако ги препознаете знаците на овој проблем, седнете и разговарајте и ќе сфатите дека треба да бидете заинтересирани за животот на партнерот, без разлика колку долго сте заедно.
Не слушате внимателно
Активното слушање и учествување во разговорот се многу важни за опстанокот на врската.
Кога партнерот ќе ви каже нешто, прашајте го дали сте го разбрале добро, а истото нека го прави и тој.
Ова е добитна комбинација, без разлика дали се согласувате или не.
Користите несоодветен тон
Можеби не сте забележале, но неретко автоматски реагираме на она што го слушаме и можно е да употребиме несоодветен тон. Пораката е помалку важна во овие ситуации.
Кога поставувате прашања, не користете одбранбен или обвинителен тон бидејќи вашиот партнер ќе се чувствува загрозено и виновно.
Избегнувате разговор
Кога не разговараме со партнерот за теми што нè вознемируваат, започнуваме да измислуваме сценарија. Затоа, заедничкото време треба да го поминувате квалитетно и конструктивно.
Најдобро е веднаш да ги елиминирате сите сомнежи и дилеми, а тоа можете да го направите само во четири очи.
Ашера | Црнобело