Доста размислуваш - нека биде ова живот без ограничувања

Не слушај што велат тие околу. Дозволи ми со моите прсти да ги запрам зборовите кои доаѓаат од твоите усни. Погледни ме во очи, можеби не ја гледаш јасната слика, но погледни го сјајот на ова изгубено срце кое чука во чуден ритам. Што ни требаше за да ја дефинираме љубовта?

dosta razmisluvas neka bide ova zivot bez ogranicuvanja 01

Како да препознаеме дали раката која ни се подава е злонамерна или тоа е приликата која ни била пратена од небото?

Отсекогаш ми беше смешно како луѓето можеа да се класифицираат во различни класи, да доделат оценки до името и изгледот на некој од спротивниот пол. Дали знаевме како да љубиме или повеќе знаевме како да судиме?

Немој да те плашат големите сни, ниту моите луди идеи, земи ја мојата рака, сакам да ти го покажам светот. Понекогаш не треба да разбереш, колку повеќе размислуваш, колку подолго калкулираш, толку повеќе заглавуваш во сопствениот лавиринт на беспотребни мисли.

Ме гледаш во мракот и не ти е јасно зошто сме таму, ниту како заврши во таа моја филозовска игра на зборови. Не можам да оценам дали те плаши тоа што останавме сами кога сите заминаа или те плаши помислата од она што можеме да бидеме. Делува моќно нели?

Твојата нескротлива страст да ме осудиш и моите перверзни идеи за животот. Мислиш ли дека двајца лудаци како нас можат да успеат?

Се смешкаш како да е погрешно што сум успеал да те насмеам. Започнува нашата бркотница од која нашите срца ќе започнат да бијат во еден ист ритам, додека ги откопчуваш копчињата на мојата кошула.

За момент климата во автомобилот ги замаглува прозорите. Застанати на врвот од кој се гледа градот, во мртвата тишина ги галам твоите голи гради. Оставам трага или две на твојот врат додека ти ме удираш по рамото лутејќи се на мојата ненаситност. Имаше нешто специфично во нашите заеднички маневри.

Нашите голи тела во автомобилот, како два ендемични видови спакувани во една кутија која штотуку ќе биде испорачана. Твоите раце на прозорот, моите усни по твоето тело се додека не ги предизвикам звуците на одобрување.

Ми се чинеше како комплетно да сум го изгубил разумот, но имаше нешто во возбудата дека можеби ќе ја откријат нашата палава игра. Шминката од твојата маска во оваа априлска ноќ ме тера да помислам дека сето ова е околност на халуцинации, додека со прстите нежно поминуваш низ секоја ерогена на моето тело, гледајќи ме во очи и смеејќи се палаво секогаш кога ќе воздивнам.

За момент ја преземаш главната улога и уживаш во височините и длабочините кои ги достигнуваме. Знаеш дека нема назад од тука, јас и ти во една спојка која ја дефинира цела несигурност од нашето спојување. Не се важни зборови, не се важни луѓето, светот е комплетно отсечен, јас и ти и оваа наша ноќна потера во која се откриваме.

Со некоја пренагласена сигурност кажуваш дека си ми кажала дека ќе ми покажеш како се прави тоа. Додека сенките целосно се спојуваат, тело на тело, усни на усни, срце на срце, потта од нашите тела ме тера да помислам дека жештината во тој мал простор е причина за глобалното затоплување.

Дали нашите две изгубени души успеаа да се пронајдат?

Сега ти ги ставаш прстите на моите усни и ми велиш „Доста размислуваш. Препушти се на текот и нека биде ова живот без ограничувања.”

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg