Големи брачни мудрости

bracni-vicovi-povekjeДраги посетители, да се посмеете додека не сте дошле во таа ситуација. Големи брачни мудрости, некои кажани од мажи, а некои од жени, но сите вистинити:

 

Маж му вели на пријател:
- Мојата сопруга е ангел!
Пријателот:
- Мојата е сеуште жива.

Имаш два избори во животот:
Можеш да останеш немажена и да се чувствуваш бедно,
или да се омажиш и да посакаш да си мртва.

На некоја коктел забава една жена и рекла на друга:
- Па, ти ја носиш бурмата на погрешниот прст!
- Да, затоа што се омажив за погрешен човек!

Некоја жена дала оглас во весниците:
- Барам маж
Следниот ден добила стотина писма.
Во сите пишувало: Можеш да го земеш мојот.

Кога некоја жена ќе ти го земе мажот,
нема подобра одмазда отколку да и го препуштиш.

Животот на жената е непотполн додека не се омажи.
Тогаш е докрајчен.

Синот го прашува таткото:
- Дали е вистина дека во некои делови на Африка, младоженецот не ја познава невестата се додека не се ожени?
Таткото:
- Сине мој, така е во сите земји.

Синот го прашува таткото:
- Тато, колку чини женидба?
Таткото:
- Не знам сине, јас уште ја плаќам!

Некоја жена рекла:
- Не знаев за вистинска среќа се додека не се омажив, а тогаш беше предоцна.

Жените никогаш нема да бидат рамноправни со мажите,
се додека не излезат на улица ќелави и со пивкси стомак.

Бракот е триумф на фантазијата и интелигенцијата.

Ако сакаш сопругот внимателно да го слуша секој збор што ќе го кажеш,
зборувај во сон.

 

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека сте направиле грешка со вселувањето со партнерот (и не сте компатибилни за брак) Партнерот не ја почитува вашата приватност и воопшто не се ангажира околу домашн...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg