Никогаш не го давајте сопственото срце на попуст

Зошто се плашевме да бидеме сами? Помеѓу неостварените соништа и непреспаните ноќи за да се остварат истите, луѓето често  знаат да се најдат во период на депресија, кога ќе останат сами во таа немилосрдна борба.

nikogas ne go davajte sopstvenoto srce na popust 01

Дали тоа беше притисокот кој го налагаше општеството или едноставно мораше да имаме некој крај себе за да се чувствуваме сигурни?

Да бидеме реални, во денешно време е многу тешко да најдеш искрен човек, а уште потешко да одржуваш врска која ќе се базира на взаемна доберба.

Како времето кое што изминува да ни ги расипа душите и да нè натера да бидеме безобразни и безобзирни, за жал, како што навлегувавме во новиот свет да се избрише значењето на љубовта.

Колку и да го негиравме, тоа беше жалосната вистина на нашето постоење. Луѓето беа лажливи и многу често знаеа да си поиграат со нечии чувства, онака без причина.

Вечерта пиевме пиво и ги јадевме најубавите пилешки крилца со сос. Во измешаната музика со многи смеа, јас и моите пријатели се изгубивме во една незаборавна атмосфера, се забавувавме, како да немаше никаков проблем во нашето живеење.

Идила во која живеевме секогаш кога бевме заедно. Тие луѓе правеа да се чувствувам убаво.

Додека ја кревав чашата за здравица, се сеќавам дека дојде мојот другар и ме запраша, што правам со девојката со која комуницирав подолго време.

Јас најпрво не обрнав внимание, не сакав вечерта да ми биде расипана заради некои прашања за кои не беше ниту место ниту време. Но тој беше упорен.

- „Заборави, таа приказна е готова”, реков јас додека пиев од чашата полна алкохол.

- „Како мислиш готова?”, ме запраша тој зачудено.

- „Знаеш, после сè, сфатив дека нема потреба да го давам сопственото срце на попуст. Да ги вложувам моите чувства, да ја раздавам мојата искреност и душа не некој кој не сака да обрне внимание.

Зошто да се обидуваш да градиш нешто, за кое што си сигурен дека ќе пропадне? Зошто да трошиш зборови, ако нема „флуд“ во разговорот?

Ние луѓето сме навистина чудни. Како сами да дозволуваме да го распродадеме она што е добро во нас. Без разлика дали маж на жена или обратно, како постојано да настојуваме да дадеме сè, онаму каде што не треба да се даде ништо. Зошто да го правам тоа?

Која е целта сè она што си вложувал во себеси, твоите идеи, успеси, твојата искрена насмевка, сите квалитети кои ги поседуваш, да ги дадеш за џабе, на тацна на некој кој сето тоа не умее и не може да го цени?

Го направив тоа еднаш и сфатив дека она што е квалитетно, никогаш не треба да има редуцирана цена. Ќе налета некој што работел напорно, за сето тоа да го „купи”, да го цени и да се гордее со она што го добил при зделката. До тогаш, пријателе мој, на здравје!”

Повторно се вратив во хармонијата на моите другари. Тој ме гледаше зачудено и се прашуваше како може едно вечерно излегување да биде добро, без да прибереш жена дома во креветот.

Јас знаев дека ниту една жена или маж не ја дефинира среќата на една индивидуа. Бев свесен дека ние луѓето можеме да се чувствуваме исполнето сами со себе, да го цениме она што сме го стекнале и да се бориме да најдеме некој кој ќе го држи тој чекор и во најмала рака ќе ни даде добра основа за да ја редефинираме љубовта.

Сè дотогаш ги одлепив лепенките од излогот кои беа најава за попуст на сè она што поседував. Кога ќе сфатите колку квалитетна „роба“ поседувате, тогаш никогаш нема да ви падне на памет да ја намалите цената.

Марката која сте ја граделе сами за себе, со години, не треба да може да си ја дозволи секоја будала која не знае да цени искреност и добри намери.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg