Девојки признаваат: Најлошите причини поради кои не му дадов шанса

Секој од нас си има список на идеални карактеристики што треба да ги поседува потенцијалниот партнер. Но, претеруваме ли понекогаш со пребирливоста?

devojki-priznavaat-najloshite-prichini-poradi-koi-ne-mu-dadov-shansa-1.jpg

Додека некои се спремни за компромис и занемарување на потточките од листата во име на љубовта, постојат и такви кои буквално ги игнорираат сите потенцијални партнери што не ги задоволуваат критериумите.

Запрашани да ги откријат најлошите причини поради кои не му дале шанса на додворувачот, четири девојки ги признаа следните:

„Бидејќи беше низок. Знам дека е ужасно, но едноставно не сакам ниски мажи. Знам и дека карактерот е многу поважен од физичкиот изглед, но кога мажот е низок, не постои карактерна особина што ќе ме натера да му дадам шанса.“

„Не му дадов шанса на еден фраер, затоа што од неговиот Фејсбук профил открив дека слуша фолк музика. Можеби е лоша причината, но и понатаму си стојам зад својата одлука.”

„Не му дадов шанса на дечкото што му се допаѓав, бидејќи сфатив дека е голем верник. Јас не сум, а знаев дека тоа ќе прерасне во проблем кога-тогаш, поради што не одлучив во негова полза.”

„Типот говореше со акцент кој ми звучи грозно, па затоа не му дадов шанса. Јасно ми е дека тоа веројатно не е фер, ама таква сум и навистина не можам да сторам ништо по тоа прашање.“

 Имате ли да наведете некоја своја причина?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg