4 постапки кои ве издаваат дека го немате преболено бившиот
Ако се прашувате дали сте сè уште луди по поранешниот партнер, ова се знаците кои ќе ви го дадат одговорот.
И натаму копнеете по старата љубов? Колку и да ги убедувате другите или самите себеси во спротивното, постојат четири однесувања кои ве издаваат дека тоа е лага:
1. Му праќате пијани пораки
Праќањето пијани пораки во три часот наутро, за да проверите дали сè уште сте му битни, баш и не е најпаметната идеја на која сте можеле да се сетите. Aко сакате навистина да го дознаете одговорот на тоа прашање, јавете му се во пристојно време или договорете кафе-средба.
2. Ги проверувате неговите профили на социјалните мрежи
Каде е, со кого, кој му ги „лајкува“ објавите или фотографиите...Веројатно и самите сте свесни колку е тоа лошо за вашaта психа, но едноставно не можете да си помогнете, затоа што вам и понатаму ви е важно сè што е поврзано со него.
3. Не можете да престанете да зборувате за него
Не се сеќавате кога последен пат сте седнале на кафе со пријателките, а да сте разговарале за било што друго, освен за него и прекинот на вашата врска. Сакате да го анализирате и дискутирате буквално секој детаљ од вашиот љубовен однос, или, пак, раскинувањето со него. Oд друга страна, советите дека е време да продолжите понатаму, воопшто не сакате да ги слушате.
4. Сè уште би направиле сè за него
Знаете дека помеѓу вас е сè завршено, но да ве повика среде ноќ и ви побара услуга, би направиле сè што е во ваша моќ за да му помогнете. Се разбира, тука се подразбираат сите оние мали услуги на дневна основа, што исто така покорно ќе ги направите за него.
М. А. | Црнобело