Како мажот ја избира жената со која ќе се ожени?
Кога се работи за ова прашање, мажите признаваат дека жената може да биде неверојатно секси и добра во кревет, но сепак тоа да не биде доволно.
Всушност, многу од припадниците на посилниот пол признаваат дека сексот не е нешто кое е од пресудно значење при изборот на нивната идна животна сопатничка.
Па, што е она кое е од пресудно значење?
Одговорот е многу едноставен. Мажите ги избираат жените кои ги прават подобри.
Сè започнува од моментот кога забележуваат дека некои мали ситници како нивниот автомобил или нивниот дом се некако почисти и посредени.
Сето тоа им влева чувство на сигурност и грижа, дека нивната девојка е тука за нив и се грижи нештата да бидат во совршен ред, па и тие би сакале да го направат истото за нив.
Тие се заинтересирани за жена која е енергична. Онаа која ќе го сака мажот, но уште поважно ќе се сака себеси.
Жената која плени со самодоверба и онаа која знае колку вреди.
Онаа која знае дека заслужува да биде сакана и дозволува љубовта да управува со нејзиниот свет.
Онаа која ќе му дозволи да ѝ помогне со ситниците околу нејзиниот автомобил, полните кеси од супермаркетот или други неважни ситници кои секако дека таа може да ги направи сама, но му дозволува нему да ги направи за неа.
М. С. | Црнобело