10 карактеристики по кои ќе го препознаете квалитетниот маж
Не ви се потребни супермоќи и екстра вид за пронаоѓање на добар маж. Колку и да звучи предобро за да биде вистина - верувајте дека е.
Потребно е само да препознаете 10 квалитети кај мажот кој сметате дека еден ден ќе биде сопруг и татко на вашите деца:
1. Хумор
Во животот има сериозно трагични падови, во него постојат многу драми и споредни ликови, но вашиот маж треба да знае да извлече хумор од целото тоа „црнило“.
2. Интелигенција
Не мора да се омажите за идниот Ајнштајн. Само е важно да можете да се поврзете ментално, покрај физички. Неговиот интелект и љубопитност се од важно значење за вашата заедничка иднина.
3. Физичка подготвеност
Квалитетниот маж не мора да биде авантурист по секоја цена и да си го ризикува животот, но мора да води грижа за сопственото тело. Тоа е првиот знак за самопочит.
4. Трпение
Да бидеш во врска со било која жена не е лесно, признаваме. Ако тој има трпение со вас и вашите негативни навики, животот е многу полесен.
5. Емоции
Одберете некој кој ќе ве сака - и однатре и однадвор.
6. Духовност
Мажот кој верува во нешто поголемо од него, без разлика што е тоа, ќе ве научи дека животот секогаш може да биде побогат, како и односот кој го делите.
7. Посветеност
Идеалниот партнер би требало да покаже голема доза на преданост како кон вас, така и кон други подрачја од својот живот.
8. Добар вкус
Не е лошо вашата омилена чанта или вашите омилени обетки да бидат подарок од вашиот партнер. Напротив, треба да се гордеете. Тоа не е услов за среќен и успешен однос, но сигурно нема да ви пречи.
9. Комплименти
Партнерот кој ќе го одберете за вашето среќно „засекогаш“ треба да ги нагласува вашите квалитети, а не вашите маани. Не затоа што е заслепен, туку затоа што знае дека така ќе бидете подобра личност, за себе и за него.
10. Не трпи глупости
Вашиот партнер не би требало да ја сврти главата кога ќе направите нешто што не му се допаѓа или да се помири кога ќе се обидете да го контролирате. Тој никогаш нема да трпи неправди и неквалитетен однос, дури и ако тој доаѓа од вас.
М. Д. | Црнобело