Работи кои им се одбивни на мажите (дури и ако жената е неверојатно згодна)
Физичкиот изглед е нешто кое прво го забележуваме и нешто кое нè привлекува да пријдеме кон некоја личност и подобро да ја запознаеме.
Сепак она што е од пресудно значење како ќе продолжи да се развива комуникацијата е карактерот и особините на личноста.
Една девојка може да биде неверојатно убава и привлечна, но доколку нејзиниот карактер е целосна спротивност на нејзината убавина, ретко кој маж би посакал да ја има покрај себе.
Ова се работите кои речиси сите мажи ги сметаат за одбивни кај жените без оглед на нивниот физички изглед и убавина:
1. Кога зборува лошо за другите – особено за блиските пријатели кон кои во живо е многу мила.
2. Кога на другите жени гледа како на конкуренција.
3. Кога се шегува на сметка на слабите страни на партнерот. Како на пример, дека тој е ќелав.
4. Кога ќе испие премногу.
5. Кога прерано ќе почне да зборува за деца.
6. Кога го проверува мобилниот среде разговор.
7. Кога е неуредна или има лош здив.
8. Кога не знае да разговара.
9. Кога зјапа во секој маж што ќе помине покрај неа.
10. Кога без престан зборува само за себе, не поставувајќи ниту едно прашање за него.
11. Кога не знае да губи и не знае да игра ниту една игра ако не победува.
12. Кога ја прават среќна само скапи работи.
13. Кога постојано прави селфи фотки и му досадува да ѝ се придружи.
14. Кога мрази животни и хистерично вреска кога покрај неа ќе помине куче или мачка.
15. Кога нема јасни цели и не знае што сака од себе во иднина.
16. Кога драматизира секогаш кога тој сака да излезе со другарите.
17. Кога му поставува ултиматуми или му се заканува.
18. Кога не се обидува да има добар однос со неговите родители и блиски пријатели.
19. Кога е пасивна во кревет.
20. Кога е многу љубоморна.
21. Кога го исмејува неговиот вкус за музика.
22. Кога се кара за секоја ситница.
23. Кога го споредува со други мажи.
24. Кога не е свесна за својата убавина и вредност.
25. Кога тврди дека е добро, иако е очигледно дека е лута.
М. С. | Црнобело