Прочепкав низ телефонот на мојот сопруг – Што точно најдов?

Да бидеме искрени сите барем еднаш сме се запрашале што има во телефоните на нашите сопрузи.

Procepkav-niz-telefonot-na-mojot-soprug-eve-sto-najdov-01

Кому пишува пораки? Дали има таен профил на Фејсбук? На која игра и посветува толку време?

Во случајот на мојот сопруг очекував да најдам смешни Фејсбук фан-страници, некои зачувани статии, групни разговори со колегите од факултет, потсетник што сè треба да направи и видеа од бебиња животни.

Сепак единствениот начин да ги потврдам моите мисли беше да проверам. Токму тоа и го и го направив.

Првото нешто кое го отворив беа неговите слики. Имаше фолдер со име игри. Мислев дека тоа е местото од каде треба да почнам. Малку се изненадив кога во фолдерот најдов слика од мене - како спијам.

Procepkav-niz-telefonot-na-mojot-soprug-eve-sto-najdov-02

Кога го прашав зошто нема некоја слатка фотка од мене, рече дека и оваа е слатка. Додека јас гледав девојка со несредени веѓи, огромни пори, и линии од перницата на моето чело, тој ме гледаше мене, неговата сопруга –жената која ја сака, неговата „Заспана убавица“... Срцето ми се топеше од среќа.

Имаше и неколку фотки од патувањето со татко му во Математичкиот музеј (тој е срамежлива бубалица). Ништо забавно, сигурно си мислите? Во музејот неговиот татко возел трицикл со квадратни гуми. Не бев таму, но сега имам фото доказ дека тоа навистина се случило.

Procepkav-niz-telefonot-na-mojot-soprug-eve-sto-najdov-03

Што друго имаше низ сликите? Еден куп праисториски суштества. Ја знаете онаа чудна фаза во која децата се опседнати со диносауруси? Мислам дека мојот сопруг никогаш не излегол од неа. Токму затоа сите слики од скелети и чудни коски од диносауруси воопшто не ме изненадија.

Procepkav-niz-telefonot-na-mojot-soprug-eve-sto-najdov-04

Следна точка, неговите апликации. Наидов на неколку апликации кои ме натераа да се насмеам, вклучувајќи и една за готвење – која всушност и навистина ја користи. За да си подготви десерти кои тој ги сака. Секако понекогаш ќе нарави нешто и за другите, но сепак главно прави десерти за себе. Од потрагата сфатив дека многу сака торти и десрти со лимон.

Потоа следеа неговите белешки. Покрај страниците за обврските кои треба да ги заврши стоеше и „Баба“. Сакаше да отиде до куќата во која некогаш живееле заедно со неговата баба и да ја слика, за да ѝ покаже дека е иста како порано.

Мојот сопруг не пишува многу пораки, а го има истиот телефон со години. Морам да признаам дека и не бев премногу изненадена кога најдов порака стара четири години за тоа дека сака да ѝ купи некакво посебно парче накит на некоја пријателка.

Тоа морам да признам ме потсети на еден период за кој се срамам да зборувам. Тогаш ѝ љубоморев на оваа девојка, и да бидам искрена, сите негови пријателки ги сметав за конкуренција.

За среќа зрелоста ме натера да сфатам дека беше сосема во ред да има женски платонски пријателства. Јас верувам во него, а тој верува во мене.

Открив дека сака да игра „Покемон“, но не новата игра со која се заразени сите, тука таа која постоеше уште кога бевме деца. Новите игри беа некако премногу вештачки за негo. Toj се држеше до старото, добро минато.

Чекањето низ непознатиот свет на телефонот на мојот сопруг на крајот излезе помалку болно од што очекував (сепак да признаам дека не го направив тоа тајно, туку учтиво замолив да го добијам неговиот телефон).

Всушност воопшто не беше болно и страшно, напротив, открив само уште причини за повеќе да го сакам...

Потреба да „разгледаме“ што се случува низ телефонот на нашиот сопруг е всушност показател дека постои нешто во нас кое не ни дава мир. Во тој случај наместо да носиме погрешни заклучоци најдобро е да седнеме и отворено да разговараме, за да можеме да најдеме решение за проблемот со кој се соочуваме.

Чепкањето низ телефонот е моментот во кој сме ја прекршиле довербата во нашата врска, а тоа е нешто кое не смеете да си го дозволите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg