Со тебе крај мене, светот добиваше нова димензија

Се разбудив утрово, го видов твојот лик во огледало. Носеше црвен фустан и црвен кармин, се подготвуваше за конференцијата на која беше пријавена, додека јас го користев мојот слободен  ден максимално тркалајќи се во заедничката постела...

so-tebe-kraj-mene-svetot-dobivase-nova-dimenzija-1.jpg

Се прашував дали по грешка сум се разбудил во рајот, бидејќи таа комбинација ти стоеше прекрасно и ги исполнуваше сите мои фантазии. Се прашував дали утрата може да ми започнуваат секогаш на тој начин.

Целиот твој сјај, таа насмевка и таа руса коса која беше извиткана тоа утро, ме правеа да се чувствувам поинаку, претпоставувам тоа е еден од оние моменти кога ја откриваш среќата, ама не знаеш како таа те открила тебе. Гледаш дека се смешкам во креветот и провокативно ме тераш да ја разбијам мрзата велејќи „Можеш ли да ме закопчаш?”.

Станувам полузаспан, во обид да ја скријам страмната возбуда на мојата машкост од твоето прекрасно издание. Застануваш пред огледалото и ја чекаш мојата рака на твојот грб која пополека го закопчува твојот патент. Кога си целосно готова, добиваш бакнеж во рамото и се смешкаш, знаејќи дека си ме освоила, а јас немоќно се насмевнувам уживајќи во фактот дека сум освоен.

Ми воздивнуваш во увото велејќи работи кои ме носат до работ на лудилото, ги будши сите гревови во моето тело и ме тераш да ти го уништам тоа прекрасно издание, да го размачкам тој кармин и да го откорнам твој патент за да ја почувствувам твојата коса низ моите раце. Твојата пот  на моето тело и твојот допир само за мене. Но знам дека не смеам, не смееш да задоцниш. Тоа уште повеќе ме излудува.

Отсекогаш играше така подло, ме донесуваше до точка на лудило и потоа мораше да заминеш. Како тоа да беше нашата предигра за секс се додека повторно не се состанеме, колку беше подолго тоа чекање, толку подобар беше нашиот страсен судир во креветот.

Ме туркаш назад во креветот поминувајќи низ најчувствителните точки, се насмевнуваш, замавнуваш со твојата коса и излегуваш. Како што заминуваш со штиклите го слушам звукот на твоето заминување и со нетрпение го очекувам звукот на твоето враќање, нестрпливо и нервозно.

Лежам и се смеам на она што го создадовме. Знаеш луѓето се навикнати на многу полесно, како еден лесен систем да создаваат проста игра на соблекување, во која ќе имаат секс и сето тоа ќе помине за многу кратко. Мислеа дека бројот на такви партнери го дефинира нивниот успешен сексуален живот. Но, тие никогаш немаа да знаат за ваквата сексуална тензија која те тера да го изгубиш разумот.

Никогаш немаше да го доживеат сексот на начинот на кој до доживуваме јас и ти. Затоа што во опишувањето на нашиот систем имаше многу променливи, многу работи кои треба да бидат земени предвид, љубов, емоции, страст, поврзаност, пријателство пред сѐ.

Немав зборови за да ја опишам таа среќа кога те имам на мојата рака и удобноста кога се туткаш во мојата прегратка.

Пробував да ја смирам таа страст, но твоето отсуство правеше таа константно да расте за да ме натера да страдам додека те нема. Никогаш не мислев дека ќе бидам зависен од нашите заеднички моменти и не ќе можам да престанам да мислам на тебе. Не знаев дали некогаш некој во светот ќе се чувствува на тој начин, но посакував секој да го пронајде она што јас и ти го создадовме и никогаш да не престане таквата взаемност, бидејќи на тој начин светот добиваше еден нов изглед и беше сосема поинакво место за живеење.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg