Вистинската причина зошто луѓето изневеруваат (видео)

Креативниот тим „The school of life“ неодамна објави едно кратко видео во кое целиот проблем поврзан со изневерувањето го сведува само на едно нешто – конфликтот меѓу блискоста и оддалеченоста.

Ova-e-vistinskata-pricina-zosto-lugjeto-izneveruvaat-01

Се смета дека постојат многу причини за изневерување на партнерот – чувството на неисполнетост, незадоволство, каење, високо либидо или целосна досада.

Но, прашањето кое многумина си го поставуваат е дали постои една главна причина од каде почнува сè?

Дефиницијата за изневерувањето е прашање за кое и денес не постои прецизен одговор, а стручњаците одвреме-навреме во прв план ставаат сосема различни причини.

Сепак тимот на „The school of life“ во своето креативно видео на тема изневерување како главен проблем го посочува конфликтот меѓу блискоста и оддалеченоста.

Според нивните наоди, клучот за стабилна врска се крие во изнаоѓањето рамнотежа помеѓу овие два клучни фактори.

Од една страна потребно е да се дистанцираме од партнерот со што би си го задржале сопственото „јас“ и не би имале чувство дека тој управува со нас. Од друга страна, преголемата оддалеченост може да направи да се чувствуваме отфрлено, осамено и несакано.

Работите дополнително се комплицираат бидејќи најчесто врските се составени од двајца луѓе кои имаат различни очекувања од врската.

Па, оттука се наметнува и прашањето: можеме ли да направиме нешто и да ги избегнеме таквите проблеми?

Погледнете го видеото и сами најдете го одговорот:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg