Ако сте девојка која е зависна од љубов и внимание...

Тажно е кога не можете да бидете сами, кога постојано барате туѓо внимание и имате потреба да бидете во врска. Жените кои се чувствуваат дека се ништо ако не се во врска, мора да сфатат дека тие се многу повеќе од врските во кои се или биле и тие се многу повеќе од вниманието кое толку очајно го бараат.

ako-ste-devojka-koja-e-zavisna-od-ljubov-i-vnimanie-001.jpg

Ако сте една од овие девојки, тогаш прочитајте зошто е во ред да бидете сами:

1. Да се биде сам не значи да се биде осамен

Дури иако сте сингл не значи дека сте осамени. Треба да научите да бидете свој најдобар пријател. Сакајте се себеси и поминувајте што е можно повеќе време сами. Поминувајте го времето со пријателите и ако сте од оние кои би ги откачиле пријателите за „некој посебен“ тогаш потрудете се повеќе околу пријателите. Исто така, не ја заборавајте фамилијата.

Многу е важно да знаете да бидете сами. На крајот од денот, кого друг го имате? Само себеси. Луѓето доаѓаат и си заминуваат од вашиот живот и никогаш не е гарантирано дали ќе се вратат, затоа научете да се помирите со тоа. Не секогаш ви е потребно внимание и љубов. Научете тоа сами да си го давате.


2. Вие сте повеќе од тоа што сте во врската

Постојат жени кои навистина веруваат дека се ништо ако не се во врска. Да, врската додава позитивност во животот и го прават посбен, но како може некој да се чувствува празно без да се биде во врска? Животот е многу повеќе од тоа.

Не го полните животот со внимание од погрешни луѓе само за да се чувствувате признаено. Вака ќе се чувствувате многу полошо и постепено ќе ја кршите вашата самодоверба. Вистинскиот ќе се појави со текот на времето, но во меѓувреме вие треба да научите дека дури и да не сте во врска или со некој, тоа е во ред. Всушност, тоа е многу повеќе од во ред –  може да биде одлично.

Одвојте време за да научите што точно сакате и бидете независни. Чувството дека сте зависни од некој може да направи да се чувствувате уште поосамено. Верувајте ни, можете да сјаете и сами – вие сте многу повеќе од само врска.

Запомнете: сонцето не се грижи дали ќе ве ослепи – тоа само си свети.


3. Менувањето на односот ќе ви донесе почит

Да бидеме искрени – луѓето точно знаат кога сте очајни по внимание и врска и тоа може да ви донесе погрешни луѓе во животот. Постои причина зошто можеби сте имале многу партнери. Луѓето кои ги привлекувате се типот на луѓе кои ќе ви дадат краткотрајно внимание и потоа ќе ве откачат како ништо да не било. Или, затоа тие ќе се однесуваат на погрешен начин само затоа што знаат дека вие постојано ќе бидете тука.

Не бидете таа девојка – таа која останува со некој само затоа што не сакаат да се сами. Ако се почитувате и сакате и не си дозволувате некој да се однесува со вас како со чергиче, тогаш ќе привлечете некој кој нема да ве повреди.

Ако покажете дека не ви е потребен никој, тогаш некој ќе се потруди уште повеќе за да биде со вас. Ништо не е посекси од жена полна со самодоверба. Затоа, кога ќе започнете да ја сакате вашата внатрешност, луѓето ќе ја засакаат вашата надворешност. Знајте ја својата вредност и тогаш некој кој вреди ќе се појави во вашиот живот. Само потребно е да бидете трпеливи. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg