До жената на мојот поранешен сопруг: Ти благодарам што си жената која јас никогаш не можев да бидам
До сегашната на мојот поранешен сопруг,
Сакам да ти се заблагодарам што го сакаш човекот кој беше погрешен за мене. Знам дека никогаш не сме се сретнале и не верувам дека некогаш ќе се сретнеме, но чувствувам некаква врска со тебе.
Кога јас и мојот поранешен сопруг бевме во битка кој прв ќе ги пушти ланците и ќе ја заврши маката, му кажав дека постои сродна душа која е создадена само за него и ќе го сака на начин на кој јас никогаш не можев.
Не ми веруваше, но јас знаев дека постои.
Знаев дека има жена која е создадена само за него, која нема да сака ништо друго освен да биде негова, која тивко ќе оди покрај него и покрај хаосот во кој се наоѓа.
Затоа, благодарна сум што те пронајде тебе и што го учиш повторно да научи како да сака, бидејќи без оглед на сè што ни се случило во животот, сите ние мораме да научиме да сакаме.
Потребно ни е некој да не погледне и да ни каже, дека дури и најмрачните делови од нас се вредни за љубов.
Знам дека не е лесен човек за сакање, но знам дека тебе тоа нема да ти пречи.
Исто така, знам дека можеби ќе ти прикажува мрачни слики за мене, но тоа е во ред, не го менува фактот дека сакам да биде среќен со тебе.
Иако сè уште не сум те запознала - знам дека си посебна.
Бидејќи и покрај минатото во кое живеел, знам дека мојот поранешен сè што сака е да гледа како сонцето заоѓа и изгрева во твоите очи.
Никој од нас не е совршен, но секој од нас заслужува да биде сакан.
Се надевам дека ќе му покажеш како изгледа вистинската љубов и дека не би знаел што да направи без тебе во својот живот.
Се надевам дека сонува за блескава иднина која се испреплетува со твојата.
Се надевам дека ќе го научиш да верува во она засекогаш заедно.
Сите ние заслужуваме да имаме некој во животот.
Но, најмногу од сè сакам да ти се заблагодарам за тоа што го сакаш на начин на кој јас се надевам дека ќе бидам сакана еден ден.
Ти благодарам што си жената која јас никогаш не можев да бидам и што одбра да сакаш маж кој некогаш бил искршен.
И на крај, секогаш ќе бидам благодарна што мојот поранешен те одбра баш тебе за да те сака.
Н. Г. | Црнобело