Како да НЕ се вљубите во некого?
Понекогаш е лесно да бидете збунети, некој пријател или соработник може да изгледа интересно или шармантно што може да резултира со вљубеност, што не е секогаш добро.
Кога ќе се обидете да ги запрете чувствата, може само да ве боли повеќе. И, конечно, кога ќе решите да се откажете од борбата станувате депресивни, бидејќи се вљубивте во личност која не е добра за вас или која нема да никогаш да ве сака на начинот на кои вие ја сакате.
Вистината е дека вие сé уште ја имате контролата врз вашиот живот и вашето срце. Можете да изберете да не се вљубите ако тоа навистина го сакате.
Значи сте решиле дека вљубување во одредена личност, било да се работи за пријател или колега, е лоша идеја.
Дознајте го вашиот вистински мотив за оваа одлука. Ако сакате да преболите некого морате да имате јасна визија зошто го сакате тоа. Дали мислите дека долгорочниот однос со оваа личност е невозможна? Дали постои нешто во врска со оваа личност што едноставно не е прифатливо за вас? Дали е веќе во врска или брак? Ако сакате да избегнете вљубување во одредена личност мора да ги знаете причините зошто го правите тоа.
Можете да престанете да сакате некого или да избегнете вљубување само кога навистина сте ја прифатиле вашата причината зошто не можете да бидете со нив. Не смее да има простор во вашиот ум за сомнеж. Морате да верувате дека е тоа она што го сакате.
Можете да изберете да ги контролирате своите емоции, до одреден степен, барем додека вашиот ум не сфати дека тоа е лоша идеја.
Ако сте одлучиле да продолжите понатаму не треба често да размислувате за оваа личност или да се прашувате што тие прави во моментов. Запомнете, колку повеќе мислите на некој, толку повеќе тие стануваат дел од вашиот живот.
Секојпат кога ќе помислите на нив правете нешто друго. Одвлечете го вниманието од себе и размислувајте за нешто друго или за некој друг. Ова можеби изгледа тешко, но со текот на времето ќе научите како лесно да ги блокирате од вашите мисли.
Избегнувајте долги разговори со таа личност. И што е најважно избегнете ги доцните вечернипораки или телефонски повици во кои споделувате интимни детали од вашиот живот.
Избегнувајте физичка интимност. Дистанцирајте се од нив. Ова може да биде болно, особено ако работите со нив или ако сте принудени да комуницирате со нив.
Сфатете ја разликата. Постои разлика помеѓу вљубување и мислење дека некој е привлечен и интересен. Само затоа што мислите дека некој е привлечен, забавен или навистина прекрасен, не мора да значи дека сте вљубени во него. Можеби претпоставувате дека она што го чувствувате е љубов, но можеби се работи само за восхитување.
Убедете се себеси. Занесот останува жив само доколку го храните, со мисли, емоции и фантазии. Ако навистина решивте дека не можете или не сакате да бидете вљубени во оваа личност, само е прашање на време кога чувството на вљубеност ќе почне да исчезнува.
М. А. | Црнобело