Ти ме научи дека не секоја љубовна песна има тажен крај

Пред да те сретнам животот ми беше целосен хаос, не знам колку дозволив тоа да го забележиш. Се сеќавам пред тебе, последeн пат кога проверив, моето срце беше прекриено со прашина. Не бидејќи не знаев да сакам, туку бидејќи престанав да се обидувам, изморен од истата неуспешна приказна со секоја друга.

ti-me-nauci-deka-ne-sekoja-ljubovna-pesna-ima-tazen-kraj-01.jpg

Да бидам искрен и денот кога те запознав мислев тоа ќе биде едно повторување на сè она претходно, дотогаш познато. Истите трикови, истите разговори, ист почеток, сличен крај. Мислев дека ти ќе бидеш иста како другите, а јас ќе бидам повторно неисполнет. Долго стравував дека никогаш нема да ја почувствувам љубовта на вистинскиот начин. Долго бев заробен во окови, кои не ми дозволуваа вистински да живеам.

Дента кога застана наспроти мене и го пиевме првото заедничко кафе, ти навлезе во ѕидовите кои јас ги изградив околу себе, како мој дом, за да не останам повреден од светот. Дотогаш никој не успеал да најде начин да биде таму, но ти успеа. Несвесно ти дозволив да навлезеш во мојот забранет свет и да ги откриеш моите чувства. Иако се противев, немав силна магија, немав лек да го спречам тоа твое навлегување во мојата приватност. Ме обзедоа чувства дотогаш непознати.

Наеднаш бев заробен во момент кој ги оттргна сите мои стравови, сè она што го носев низ годините кои изминале, сите тие окови на моите раце, ти ги оттргна со еден разговор. Се прашував дали вреди да ставам сè на коцка, дали да го срушам тој ѕид, или повторно ќе бидам повреден.

Не знам зошто, но ти верував, дури и повеќе од себеси. Во неколку часовен разговор јас најдов девојка со искра во очите, желна да ме следи за заедно да создадеме кула, но не кула од карти. Еден замок во кој ќе опстојуваат сите наши чувства и ќе се одгледуваат сите наши соништа. Најдов жена на која со задоволство би и го дал телото, како да е нејзина сопственост. Се прашував како можеше сето тоа да се случува во мојата глава при еден разговор, кој беше сè само не обичен кафе - разговор.

Не знаев како да ти кажам дека имам окови кои ме спречуваат да сакам, но ти како да знаеше, вешто се доближуваше и ослободуваше еден по еден, со секој збор. Како некој да ти кажал што треба да кажеш за да ме освоиш. Не беше фер, јас бев разголен пред противникот, ти знаеше сѐ за мене, без воопшто да ме познаваш. Ме тераше да правам работи кои не сакав да ги направам. Тој ден ја изгубив главата, најдов девојка на која можам да и верувам. Иако бев преплашен да сакам вистински, ти ме натера да се заљубам во тебе. Вистинска љубов, дотогаш сосема непознат поим за мене.

Како што изминуваа сè повеќе средби, ти ме учеше дека љубовната песна не мора да има тажен крај, покрај твојата доверба и твојата грижа, јас научив дека не мора да се чувствувам празно, заглавен во солзите за врските кои не успеале. Но, не по моја вина, туку по вина на тие другите кои не знаеле сѐ она што ти знаеш.

Покрај тебе јас ја пополнив празнината во моето тело, но чувствував празнина секогаш кога ќе си заминеше. Бидејќи ти беше дел од мене. И не можам да најдам соодветни зборови за да му се заблагодарам на Бога, од дното на душата, за денот кога тој те донесе крај мене, денот кога јас се ослободив од оковите на моите раце и бев способен конечно, искрено да те прегрнам...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg