Љубов на далечина: Кои се 5-те прашања кои мора да си ги поставите пред да ја започнете?

Љубовните врски на далечина имаат свои добри страни, но и лоши страни. Факт е дека тие претставуваат особен предизвик и дека не секој може да го издржи нејзиниот товар.

ljubov-na-dalechina-koi-se-5-te-prashanja-koi-treba-da-gi-postavite-pred-da-ja-zapochnete-01.jpg

Ако не сте сигурни дали сте за ваквиот тип врска, тогаш пробајте да ги одговорите овие прашања.

1. Што сакате од оваа врска?

Сакате да бидете „пријатели со бенефиции“ или сакате нешто сериозно, што подоцна може да доведе до брак? Пред да започнете нова врска, мора да знаете што сакате. Ако го сакате првото, тогаш врските на далечина не се добра идеја, но ако сакате нешто посериозно, можете да пробате и да видите како ќе оди пред да донесете крајна одлука. А, откако ќе откриете што сакате, тогаш неопходно е да ја дефинирате врската заедно со партнерот.


2. Дали сте подготвени да се посветите на само една личност?

Љубовните врски на далечина се навистина тешки кога станува збор за останување верен. Без разлика колку сте биле верни во минатите врски, во врските на далечина барем еднаш ќе се јави желба да го изневерите партнерот. Всушност, голема е веројатноста дека причината за неверство ќе биде фактот што вашиот партнер премногу ви недостига.


3. Дали имате пријателство како темел на врската што може да го издржи товарот на далечината?

Врските на далечина бараат да имате навистина добра комуникација. Дали сте добри пријатели со партнерот? Уживате во нивното друштво дури и кога не сте физички заедно? Овие специфични прашања можат да го одредат текот на вашата врска, затоа што основа на љубовта е пријателството. Просто кажано, за да бидете во љубовна врска, претходно мора да бидете пријатели.


4. Дали двајцата сте емотивно слободни?

Ако некој од двајцата, (или полошо двајцата) не сте емотивно слободни, тогаш ќе имате големи проблеми во комуникацијата и во создавањето на силна врска. Запаметете дека има голема разлика помеѓу некој кој е ранлив и некој кој е емоционално заробен – кога сте ранливи, тогаш потешко го спуштате ѕидот пред вас и потешко ги искажувате чувствата, но кога сте емоционални заробени тогаш намерно избегнувате да се отворите.


5. Дали двајцата сте подготвени да се справите со тешките моменти?

Вистината е дека во љубовните врски на далечина честопати има повеќе проблеми отколку убави моменти, токму на сметка на далечината. Но, од друга страна пак, тие убави моменти се тие кои е ви помогнат да се справите со тешките. Мора да бидете обединети, да си верувате еден на друг и да бидете спремни заедно да ги пребродите сите пречки.

Основата на добра врска, без разлика дали обична или врска на далечина се: љубовта, довербата, почитта и разбирањето. Ако само една од овие компоненти недостига, тогаш големи се шансите да не успеете.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg