Што барам од мојот иден сопруг?

Девојките уште од малечки, под влијание на приказните, сонуваат за принцот на бел коњ. Го замислуваат, го хиперболизираат во нивните фантазии, го очекуваат.

shto-baram-od-mojot-iden-soprug-01.jpg

Тие сонуваат за својата идна венчавка до најситен детаљ и за нивниот животен сопатник кој можеби се уште не го запознале.

Запрашавме неколку девојки, неомажени, за тоа што сакаат од нивниот иден сопруг и кои карактеристики треба тој да ги поседува.

„Мојот иден сопруг треба да ја сака и почитува вистинската јас. И се разбира, да ми попушта во кавгите бидејќи навистина не знам да прифатам пораз“ - Ана, 27 години

„Треба да е едноставен и практичен. Да знае да го планира времето и парите. Да се бори за она што го сака.“ - Сандра, 25 години

„Да е добар, со мене, во кревет, со децата, со моите блиски луѓе.“ - Александра, 24 години

„Па, веројатно треба да е блиску до совршенството, бидејќи сум страшен перфекционист. Треба да е некој сличен на мене за да имаме разбирање и почит.“ - Јована, 37 години

„Мојот иден сопруг треба да знае како да направи компромис и како да задоволи една комплицирана жена. Доволно е!“ - Благица, 30 години

„Треба да има љубов за мене. Се друго само ќе си дојде.“ - Симона, 26 години

„Сакам да биде толерантен во моментите кога јас ќе ги губам живците. Да знае како да прекине глупава расправија. Да верува во вистинска љубов. Да знае како да ме насмее.“ - Марија, 24 години

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg