Што научив од прераното преселување во заеднички стан со момчето?

Можам да споделам со вас бројни информации околу тоа каде можете да најдете декоративни перници за вашиот нов стан. Неколку месеци пред конечно да се вселам во новиот стан со моето момче со кое бевме во врска 5 години, постојано ги разгледував онлајн страните каде се продаваа перници.

shto-nauciv-od-preranoto-preseluvanje-vo-zaednicki-stan-so-momceto-01.jpg

И не само перници – постелнина, завеси... Планирав, пресметував колкава сума на пари ќе ни биде потребна, но она на кое воопшто не мислев беа промените кои ќе се случат во нашата врска.

Се чинеше како добар чекор. Веќе наполнивме 26 години и времето кое го поминувавме заедно беше одлично. Повремените расправии многу лесно ги разрешувавме, а и конечно и двајцата имавме добра работа. За мене тоа значеше дека работите ќе се одвиваат едноставно без никакви проблеми. Впрочем, што ни треба за да се преселиме? Не ни беше доволно сето ова?

Сега откако поминаа седум месеци, тоа време поминато во барање на совршените перници ми се чини како лудост. Сега сум сведок на тоа што значат вистинските конфликти дури и за наједноставните и незначителни работи. Преселувањето во новиот стан се покажа како вистински предизвик.

Сè уште сме заедно и ова искуство ни помогна да созрееме и да научиме по некоја нова лекција, но едно нешто ми е јасно – ќе заштедевме многу часови ако се концентрирав на тоа што ќе се промени во нашите животи, а не какви перници треба да имаме во новиот стан.

Па, на секоја независна жена која сака да живее со своето момче би и препорачала неколку совети:

1. Потребно е да сте емоционално и финансиски независни ако сакате да живеете среќен живот.

2. Мислам дека доста важна работа е да се верите, но не најважна.

3. Потребна е обострана желба да живеете заедно, а веридбата не е одговор за вашите проблеми.

4. Комуницирајте за сè што ќе ви падне на памет, не оставајте нешто неискажано.

5. Не е важно како ќе ги дефинирате вашите цели и дали сакате да живеете традиционално или нетрадиционално, важно е јасно да ги изразувате вашите потреби.

6. Ако сакате да бидете во брак и да имате деца пред да наполните 35 години, најдобро време да го сфатите ова е пред да се преселите во заеднички стан со партнерот.

7. Ништо не е јасно дефинирано – многу работи се менуваат и двајцата партнери се менуваат, посебно кога доаѓа време да научите како да живеете заедно. На страна одморите кои сте ги поминувале заедно, кога доаѓаат сериозните проблеми, доаѓаат и сериозните расправии. Важно е како ќе се соочите со нив.

8. Како за крај, важни се финансиите, па можеби најважно е да одредите како ќе го трошите заедничкиот буџет.

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg