Грешки кои не треба да ги правите кога започнувате нова врска

Денес толку е тешко го пронајдете вистинскиот маж, па за да го најдете и задржите, потребно е да не правите грешки.

greski-koi-ne-treba-da-gi-pravite-koga-zapocnuvate-nova-vrska-01.jpg

Дознајте кои се најголемите гревови на состанувањето, за да не ја убиете врската уште пред да ја оформите како што треба.

Премногу информации

Нормално е на почетокот на врската да сакате колку што е можно подобро да се запознаете и да станете поблиски. Но, ако веднаш се обидете да му го раскажете цел живот, ќе добиете спротивен ефект. За да не го исплашите со вашето предолго зборување за себе, ограничете ја информацијата која ќе му ја дадете за вас. Сепак, ако тој е вистинскиот, ќе го имате цел живот пред вас. Оставете малку мистерија околу вас.


Брзате кон сексот

Нема некое правило кое да ви кажува кога е најдоброто време да се препуштите кон интимен контакт, но ако имате секс пред тој да успеал да ве запознае, ризикувате тој да не ве сфати сериозно. Затоа не се плашете да почекате, пред да го направите тој чекор.


Премногу комуникација

Мажите обично сакаат да бидат во улогата на ловци и не сакаат кога некој постојано трча по нив. Ако постојано се обидувате да комуницирате со него на секој можен начин, тој ќе го изгуби интересот кон вас. Оставете го телефонот настрана и почекајте тој да ве побара.


Шпионирате

Дали се искушувате да го „позајмите“ неговиот мобилен, за да дознаете од кој беше пораката која тој ја доби толку доцна вечерта? Не го правете тоа. Нема побрз начин да ја уништите довербата од тоа да бидете фатени како шпионирате.


Глумите оргазам

Сигурно си мислите дека малку глума нема како да му наштети на врската. Но, што ако тој навистина остане мажот на вашиот живот? Ќе продолжите да глумите цел живот?


Се запоставите

Без разлика дали сте во врска или не, не треба да ги игнорирате вашите потреби. Негувајте се како физички, така и психички. Само кога вие се чувствувате задоволни, можете целосно да му се посветите на вашиот партнер и да ја одржувате вашата врска.


Очекувате тој да се промени

Луѓето не се менуваат така лесно. Ако има многу работи кои ви сметаат кај него, можеби е подобро да престанете да го очекувате моментот кога тој ќе се прилагоди кон вашите очекувања и да тргнете во потрага кон некој друг. Запомнете, човек не можеш да го промениш, можеш само да го сакаш таков каков што е.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg