8 начини како да станете забрането овошје за мажите
Во секоја врска е клучно да останете свои. Затоа, комплетна вистина е дека ако останете забрането овошје за мажите ќе си го олесните животот.
Не зборуваме дека треба се преправате дека не сте заинтересирани за целиот машки род, туку да бидете малку недостапни без да ги повредите нивните чувства и без да ја злоупотребувате нивната доверба.
Ова верувале или не ќе ве одржи блиски и нема да го изгубите интересот еден за друг.
1. Почекајте некое време, па потоа одете на состанок
Можеби ќе ви чини дека тој е вистинскиот, но колку и да е силно ова чувство стрпете се. Не трчајте да му кажете колку ви се допаѓа. Бидете мудри и силни. Дајте му време да ви покаже дека ве заслужува.
Играјте со него, бегајте, а тој нека се обидува да ве фати. Но, не одете предалеку. Ако направите сè како што треба ќе го задржите возбудливиот дел многу подолго од вообичаено. Тогаш заводникот, кој за еден миг може да ја однесе било која жена во постела, ќе треба малку повеќе да се потруди за да ве добие. Како резултат на ова тој ќе се опседне со вас!
2. Несигурноста доведува до индиферентност
Самодовербата е едена од најдобрите особини на девојката. Таа ќе ви помогне да бидете забрането овошје за мажите. Задржете ја самодовербата и верувајте во сè што правите за да го привлечете неговото внимание.
3. Бидете загатка за него
Сите сакаме необични работи – нешто што не можеме да си го објасниме. Не бидете отворена книга во машките очи. Тие сакаат да бидат маѓепсани од жените без да сфатат како тоа се случило. Ако тој веднаш ја реши загатката веќе нема да се интересира за неа. Затоа една од најосновните нешта за да го задржите вниманието на мажот е да ја сочувате мистериозноста во себе.
4. Движете елегантно, шармантно и заводливо
Женското тело е моќна алатка со која можете да го освоите машкото срце. Научете го говорот на вашето тело и користете го правилно (сигурно не сакате да оставите погрешен впечаток). Движете се елегантно, шармантно и заводливо. На првиот состанок можете да му ја допрете раката или рамото, но на тоа и нека остане.
5. Немојте да му бидете шеф
Ако сте веќе во врска немојте да бидете шеф, не се однесувајте како да нема опции. Ако се што се случува во врската е ваша иницијатива, верувајте дека многу скоро вашето момче ќе тргне во потрага по нешто друго. На никој не му е потребен партнер кој постојано ќе ви кажува што да правите. Сите сакаме некој кој ќе не инспирира и мотивира.
6. Единственото нешто што ви треба сте вие
Не давајте му повод да мисли дека нема да можете да живеете без него. Покажете му дека животот е среќен и без некој постојано да е до вас. Не се преправајте, туку навистина чувствувајте го тоа. Дури и веќе да имате партнер, не бидете слепи кон целиот свет освен за него. Ако тој забележи дека вашата комфорна зона е поширока отколку само вашата врска, тој ќе направи сè за да ве направи среќни, без да побара нешто за возврат.
7. Шегувајте се и смејте се, но не претерувајте
Не треба да бидете кловн, само смислата за хумор е доволна за да му бидете привлечна. Позитивниот став исто така покажува дека се самоуверена и независна личност. Немојте да бидете премногу сериозни, затоа што ќе оставите погрешен впечаток.
8. Не се однесувајте како кралица
Некои девојки мислат дека ако имаат големи побарувања ќе бидат вистински жени. Тие бараат 100 % внимание и даваат еден куп обврски. Мажите не сакаат вакви девојки. Ако сакате да остане со вас, решението не е да го затворите во кафез. Дајте му време за себе, така ќе му оставите простор да му недостасувате и повеќе да мисли на вас.