Мажите откриваат: Моментот кога сфатив дека сум заљубен
Момците решија да ги споделат своите романтични мигови кога за прв пат сфатиле дека ја пронашле љубовта на нивниот живот.
Ако се прашувавте како да знаете кога сте заљубени, тогаш овие момци и нивните исповеди ќе ви помогнат да сфатите дали конечно и вие сте ја пронашле вистинската љубов:
1. „Кога видов како се смее, сфатив дека токму нејзината насмевка сакам да ја гледам до крајот на животот.”- Петар
2. „Ми се случуваше да се смешкам без никаква причина. Токму во тие мигови кога се смешкав како идиот, сфатив дека ја сакам.”- Горан
3. „Ја погледнав и едноставно имав чувство дека таа е ТАА.”- Андреј
4. „Едноставно, можев да не замислам и двајцата стари и бели во косите. Таа како седи на тераса и црта, а јас како седам покрај неа, ја набљудувам и пијам пиво. Можеме да бидеме и илјадници километри оддалечени, а јас и понатаму да ја чувствувам нејзината топлина.”- Алекс
5. „Разговаравме по цели ноќи и се допишувавме, но тоа не ми беше напорно. Не сакав да заспијам пред неа.”- Марко
6. „За празниците таа замина во својот роден крај, а кога се врати и кога ја дочекав на станицата, знаев дека повеќе не сакам да живеам без неа.”- Иван
7.„Не беше некој посебен миг. Растевме заедно, се запознаваме низ животот и сакав сето тоа да трае засекогаш.”- Драган
8. „Таа е една од ретките работи за кои се согласуваат моето срце и мојот ум.”- Марко
9. „Сфатив дека ја сакам кога првиот пат се скаравме и смиривме. Тогаш сфатив дека сѐ може да биде како што треба, додека се имаме еден со друг.”- Зоран
10. „Престанавме да се гледаме и да разговараме, а потоа ја видов случајно на концерт. Во тој миг сфатив дека ја сакам и дека не можам да ја пуштам да замине.”- Томислав
11. „Сфатив дека ја сакам тогаш кога сфатив дека сѐ во животот сакам да споделам со неа.”- Игор