Ерупција на задоволство: Видови оргазам кои морате да и ги пружите
Ретко кое чувство може да се спореди со чувството кое го дава оргазмот. Единствено жените оргазмот го споредуваат со уживањето кое го добиваат од консумирањето на чоколада.
Ако сакате да го промени мислењето и сексот да го засака повеќе од омиленото чоколадо, еве колку видови оргазми треба да и пружите:
Клиторичен
Повеќето жени најлесно доаѓаат до оргазам и интезивно сексуално задоволство токму преку клиторичниот оргазам. Тоа се случува поради фактот што токму клиторисот има преку 8000 нервни завршетоци, што е дупло повеќе од оние на пенисот.
Вагинален
Вагиналниот е поттикнат од нервите кои се наоѓаат на пределот од карлицата. Со овој вид на оргазам вагиналниот отвор станува опуштен, а матката се спушта во вагината и тогаш настанува вистинското задоволство кое се чувствува во целото тело.
Анален
Втората најголема концентрација на нервни завршетоци на нашето тело се наоѓа во анусот. Анусот е поврзан со главните карлични мускули, па откако мускулот ќе започне да се стега за време на оргазмот, тоа се чувствува во вагината.
Г-точка
Г-точката е нешто како внатрешен клиторис. Со нејзиното стимулирање се доживува длабок и силен оргазам кој во некои ситуации произведува и мали количини на течности. Повеќето жени тешко го доживуваат овој вид на оргазам.
Силен продолжен оргазам
Станува збор за длабок, силен и интезивен клиторичен оргазам кој трае долго. Се постигнува на тој начин што при самиот крај малку се повлекувате и го менувате начинот на допирање. И двајцата треба да биде опуштени, а на партнерката и останува да одреди колку ова задоволство ќе трае.
Споен оргазам
Два оргазми во исто време, зарем не ви звучи како идеална комбинација? Кога две подрачја се стимулираат истовремено, задоволството е двојно. За силен оргазам комбинирајте преку Г-точката и клиторисот.
Од брадавици до оргазам
Оргазмот може да се доживее и со допирање на градите и брадавиците. Многу жени тврдат дека на тој начин чувствуваат врска помеѓу градите и клиторисот. Секако има разлика од личност до личност, како и за сите останати видови оргазам.
Зона
Многу ќе се сложат дека ова е еден од најчудните видови оргазам. На некои им е доволно да ги бакнувате по врат, а пак за други само да ги допрете и тие се готови. За да успеете, потребно е детално да го пребарате нејзиното тело и да ги пронајдете ерогените зони.
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108889_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113593_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112486_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110723_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108512_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109473_400.jpg)