10 знаци дека сте во врска со маж, а не со момче
Не е сеедно дали излегувате со момче кое сè уште сака само да се забавува или со маж кој знае што сака и како да се однесува со почит кон една девојка или жена.
Колку и да ви се чинат мали работите, во клучните моменти навистина е потребно покрај себе да имате маж, а не момче.
Ако уште не сте сигурни со кого си имате работа, проверете ги неговите реакции според овие 10 ситуации:
1. Мажот ги поправа грешките. Момчето се извинува.
2. Мажот ја почитува вашата невиност. Момчето се води само според неговите нагони.
3. Мажот ве почитува без разлика на околностите. Момчето ве почитува кога сака нешто за возврат.
4. Мажот ќе направи сè за да се докаже пред вас. Момчето бара оправдување зошто не направил нешто.
5. Мажот е подготвен за иднината. Момчето живее само во моментот.
6. Мажот се труди да ја добие почитта од вашето семејство. Момчето сака само популарност во ваша околина.
7. Мажот е сигурен во своите верувања и ставови. Момчето ги менува во зависност од девојката.
8. Мажот има интегритет. Момчето не внимава дали може да ги исполни ветувањата кои ги дава.
9. Мажот секогаш ја користи секоја шанса за да научи нешто ново. Момчето мисли дека знае сè.
10. Мажот бара нешто повеќе од убавина. Момчето бара убавина која ќе може пред сите да ја покаже.