10 Знаци дека сте во врска со жена, а не со девојка

Жените и девојките не само што поинаку гледаат на светот, туку и различно го сфаќаат истиот.

10-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-zena-a-ne-so-devojka-1

Мажите, често сакаат да бидат сигурни дека се во врска со жена, а не со девојка, но понекогаш тешко умеат да направат разлика помеѓу тие две категории.

Затоа мажи, откријте ги 10-те знаци кои ги диференцираат девојките од жените:

1. Девојките сакаат да носат разголена облека, бидејќи мислат дека се секси - жените знаат дека изгледаат секси, без разлика што имаат облечено

Жените знаат дека провокативното не е секогаш секси. Тие имаат голема самодоверба и се чувствуваат одлично во сопствената кожа, па затоа не се грижат премногу за облеката, бидејќи сметаат дека на секаков начин изгледаат привлечно.


2. Девојките очекуваат мажите да знаат како се чувствуваат и што мислат - жените користат зборови

Мажите не можат да ги прочитаат вашите мисли, иако секоја дама посакува токму нејзиниот партнер да има таква моќ. Затоа, најдобро е да си ги олесните работите и да користите зборови.


3. Девојките очекуваат да ја платите сметката - жените се финансиски независни

Девојките очекуваат од партнерот да се грижи за нив, бидејќи можеби додека растеле биле премногу разгалени. Но, без разлика која и да е причината, почесто се случува девојката да не не го извади паричникот за да ја плати сметката. Жената има доволно самодоверба за некогаш да му дозволи на партнерот да плати и некогаш таа да го стори истото за него.


4. Девојките излегуваат и пијат премногу алкохол - жените го знаат својот лимит

Жените секако дека пијат алкохол, но тие си ја знаат својата граница и умеат да држат контрола. За разлика од девојките, кои често ќе ги видите како едвај стојат на високите потпетици и неконтролирано пијат алкохол.


5. Девојките едвај чекаат јавно да ја објават својата врска - жените не ги засега јавноста

Девојката веднаш го менува својот статус на фејсбук од „Single” во „In a relationship”, додека пак жената заборава дека има Фејсбук.


6. Девојките гледаат телевизиски сапуници - жените читаат

Некои телевизии имаат навистина што да понудат, а останатото се само клише телевизиски серии. Жените секако дека имаат телевизиски емисии кои обожаваат да ги гледаат, но најмногу сакаат да ја држат во раце омилената книга или списание.


7. Девојките зборуваат за тривијални работи - жените знаат како да задржат конверзација

Ова е веројатно една од најзначајните разлики помеѓу девојките и жените. Повеќето девојки едвај успеваат да го задржат разговорот на љубовните состаноци, бидејќи немаат интелектуален интерес или хоби. Нивните мислења не се навистина нивни, туку нешто што чуле од другите, а жените умеат вистински да ве фасцинираат.


8. Девојките нарачуваат салата - жените нарачуваат хамбургер

Не значи дека жената не јаде салата, туку таа не се срами да порача и друга храна на првиот состанок. Жените јадат здраво, бидејќи го почитуваат своето тело, а девојките јадат салата, само за другите да мислат дека се хранат здраво.


9. Девојките се држат до она што им е познато - жените секогаш бараат начин да ги прошират хоризонтите

Жените имаат искуство во животот и затоа разбираат колку е истото потребно. Тие прават сѐ што е потребно за да го запознаат светот, да пронајдат нови луѓе, да истражуваат можности. Девојките не се сигурни во своите цели, затоа се надеваат на маж кој ќе ја заврши работата за нив.


10. Девојките сакаат „телохранители“ - жените се чуваат сами

Нема ништо посекси, ама буквално ништо, од жена која се грижи за себе. Девојките секогаш се во потрага по некој кој ќе биде нивен телохранител во секоја смисла на зборот, а жените се силни, независни и самоуверени. Жените се иднината, девојките се минато. 

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg