Нема да ти се допадне, но...
Една од многу честите грешки кои ги прават луѓето во разговор со некого па и со саканата личност е да почнат најава која би требало да го подготви соговорникот за одредена тема, а звучи како да најавуваат пропаст на светот или нешто слично.
Типичен пример: „Немој да се уплашиш, не е ништо страшно, но ....“. Таков почеток се користи со најдобра намера за да она што следи не дојде како гром од ведро небо т.е. соговорникот да се подготви за непријатноста што следи. Меѓутоа се употребува за крупни работи и за нешто што и не е така крупно. Зарем не би помислиле дека по таква најава мора да следи нешто прилично лошо? Введнаш ќе се вознемирите, ќе се прашувате што ли ќе чуете следно, каква ли тоа несреќа се случила.
Ваквите „најави за крај на светот“ најдобро е да се избегнуваат бидејќи најчесто се сваќаат како врв на санта мраз, по што следи нешто многу полошо. Секогаш кога е можно само директно кажете го тоа што го имате без обид да ја подготвите саканата личност на тоа што следи.
На пример, ако сакате вашата сакана личност со вас да дојде на роденден на вашата баба, а знаете дека тоа нема да и се допадне бидејќи таму ќе се досадува, кажете и едноставно дека многу би ви значело кога со вас би дошла на роденден на вашата баба, без непотребен вовед.
Ако не најавувате пропаст, нема да има ни реакција како да ќе биде крај на светот.