Брутално искрени причини зошто ТОЈ не сака секс
Иако најголем дел од вицовите и американските комедии нѐ убедуваат дека мажите никогаш не одбиваат секс, а жените не се толку загреани за тоа...
...сите знаеме дека реалноста не е толку површна.
Ниту се сите мажи исти, ниту пак имаат либидо отпорно на сите предизвици во денот.
Како и кај жените, дел од причините поради кои мажите ќе одбијат секс укажуваат на поголеми проблеми, но дел се само моментални, безопасни ситуации и расположенија.
Некои изјави се однесуваат на долги врски, а некои функционираат само кај тазе запознавања.
Се согласувате со нешто од наведеното?
1. Се чувствувам дебело.
2. Си се запуштила и веќе не ме привлекуваш толку.
3. Премногу испив и бескорисен сум за секс.
4. Премногу си пијана, а тоа не ме привлекува.
5. Преморен сум од секс со друга синоќа.
6. Мастурбирав неколку пати денес и сега не можам.
7. Немам кондом, а се плашам да не имаш некаква болест.
8. Последната девојка со која спиев затрудне и се плашам тоа да не се повтори.
9. Едноставно, не ми се допаѓаш.
10. Кога имаме секс ти само лежиш, а тоа не ми е доволно.
11. Ме одби минатата вечер, па сега јас те одбивам тебе!
12. Здивот ти мириса непријатно.
13. Ја остави вратата од wc отворена, а не ме возбудува кога те гледам на шолја!
14. Ме повреди кога на другарката ти ѝ кажа дека сексот ни трае само 8 минути.
15. Заплашен сум од бројот на сексуални партнери што си ги имала пред мене.
16. Имам проблем со постигнување ерекција, а не ми се зборува за тоа.
18. Во депресија сум. Мислам дека ми треба помош.
19. Изгледаш депресивно и мислам дека ти треба помош.
20. Не сакаш да пробуваме нови нешта, а заситен сум од нашата рутина.
21. Не изгледа како да уживаш кога имаме секс, а и не ми кажуваш што да променам за да ти биде поубаво.
22. Оддалечени сме и како вопшто да не разговараме во последно време, а и тоа ми е потребно.
23. Премногу ми наредуваш.
24. Ме третираш како идиот, зошто би сакал да имам секс со тебе?
25. Сфатив дека ме излажа (за било што) и губам интерес за тебе.
26. Уморен сум да слушам како ми кажуваш „престани“, „не така“ или „не го прави тоа“.
27. Се однесуваш како да си ми мајка, а не девојка/сопруга.
28. Ми се спие.
29. Ми треба време да си ги средам емоциите по раѓањето на нашето бебе.
30. Работата ми е премногу стресна и во моментов мислам само на тоа.