Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото
Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба да биде повисок - Колку се промениле правилата за љубовни состаноци и врски од минатото до денес?
За разлика од минатото, љубовните состаноци и врски денес изгледаат многу поразлично.
Денес правилата се сосема други. Жените договараат состаноци, први му приоѓаат на мажот и уште многу други работи кои во минатото не биле ниту замисливи.
Во продолжение погледнете неколку интересни правила за љубовни состаноци кои требало да ги следат постарите генерации.
Никогаш, ама баш никогаш не правете го првиот чекор
Во минатото било неочекувано, а дури и скандалозно за една жена да го направи првиот чекор кон запознавање и состанување.
Младите девојки никогаш не го поканувале момчето на состанок, што не е случај денес, кога жените честопати знаат да го направат првиот чекор.
Секогаш однесувајте се како дама
Во времето на нашите баби, некои работи во врска со состанувањето не се кажувале, туку се подразбирале.
„Не заборавај секогаш да се однесуваш како дама“ бил чест совет од мајките и бабите кога станувало збор за состанувањето.
Секогаш постапувајте срамежливо
Сме гледале и во филмовите како дамата нежно трепка и му испраќа пријатна насмевка на момчето. Во минатото, флертувањето било повеќе прикриено, отколку отворено.
Денешниот начин на заведување е многу поинаков, кој честопати започнува и онлајн, а не лице в лице.