8 неочекувани работи кои посочуваат дека вашиот брак нема да трае засекогаш
Научници ги анализирале браковите на 373 двојки во период од 16 години. До 16-тата година 46% од паровите се развеле, а многу често причина за разводот било и тоа што сопругот отворено ги критикувал пријателките на сопругата (особено во првата година од бракот).
Сите сакаат да им се случи љубов која ќе трае цел живот, но, во реалноста, само малкумина имаат можност да уживаат како љубов од бајките и романтичните филмови. Бројот на склучени бракови се намалува, а бројот на разводи се зголемува.
Знаете ли кои се најнеочекуваните работи кои посочуваат дека вашиот брак најверојатно нема да трае засекогаш?
Колку често се смеете на фотографиите од детството
Психолозите направиле истражување во кое ја проучувале поврзаноста помеѓу широката насмевка на детските фотографии и стапката на развод кај истите тие луѓе.
Тие заклучиле дека оние кои имаат широка насмевка на фотографиите од младоста и тинејџерските години останале во брак, за разлика од оние кои на старите фотки се сериозни или намуртени.
Според нивните испитувања, никој од оние што имале широка насмевка не бил разведен.
Емотивен тон на гласот
Постои компјутерски алгоритам кој може да утврди дали парот ќе се разведе или не, според тонот со кој разговара со својот партнер. Овој алгоритам е точен во 79% од случаите.
Според експертите не е важно што зборуваме, туку и со каков тон разговараме со партнерот.
Колеги на работа од спротивниот пол
Испитување во Данска покажало дека луѓето кои работат во средина во која повеќето колеги се од спротивниот пол, имаат 15% поголема шанса да се разведат, а во голем случај причина за ова е афера со колега/колешка.
Домашно воспитување
Испитувањата покажале дека жените поднесуваат барање за развод почесто од мажите.
Но, истовремено, многу истражувања покажале дека децата го копираат однесувањето на родителите, особено на мајката.
Па, ако мајката поднела барање за развод, многу е голема веројатноста дека и ќерката ќе го направи истото.