Мажи откриваат: „Работи за сексот и пубертетот што посакувам да ги знаев порано“

„Посакувам да знаев дека порно филмовите поставуваат нереални стандарди за големината на пенисот, за женските тела и за самиот секс“.

mazhi-otkrivaat-raboti-shto-posakuvam-da-gi-znaev-za-seksot-i-pubertetot-porano-01.jpg

Тинејџерите – и од машки и од женски пол – се соочуваат со драстични промени на нивните тела и неретко имаат безброј прашања.

Но, повеќето од овие прашања се табу тема бидејќи се поврзани со сексуалното здравје.

Поради ова, многу тинејџери не знаат што им се случува.

На неколку форуми на Редит, мажите искрено и отворено споделуваат што сакале да знаат за сексот и пубертетот порано.

Од грижи за големина на пенисот, до несакани ерекции, погледнете дел од нивните исповеди:

„Посакувам да знаев како да се ослободам од несакана ерекција – дека доволно е да стегнам еден голем мускул и ерекцијата ќе помине за помалку од 30 секунди. Немало потреба да се кријам“.

„Дека со текот на времето пенисот ќе ми порасне“.

„Дека мастурбацијата не е нешто злобно или лошо, туку нормален дел од животот“.

mazhi-otkrivaat-raboti-shto-posakuvam-da-gi-znaev-za-seksot-i-pubertetot-porano-02.jpg

„Посакувам некој да ми кажеше што е препонска кила. Не знаев до 19 години. Мислев дека е нормално тестисите да ми бидат потечени“.

„Дека и девојките размислуваат за секс и не знаат ништо“.

mazhi-otkrivaat-raboti-shto-posakuvam-da-gi-znaev-za-seksot-i-pubertetot-porano-03.jpg

„Сакам да знаев дека постојат влажни соништа и дека некогаш ќе ејакулирам во сонот“.

„Посакувам да знаев дека порно филмовите поставуаат нереални стандарди за големината на пенисот, за женските тела и за самиот секс“.

„Дека сексот може да биде многу неуреден и дека потоа ќе треба да се бришете или туширате“.

mazhi-otkrivaat-raboti-shto-posakuvam-da-gi-znaev-za-seksot-i-pubertetot-porano-04.jpg

„Посакувам некој возрасен да разговараше со мене за да ми каже што да очекувам, наместо самиот да треба да учам и да сфаќам сè“.

„Дека за време на пубертетот не е реткост и на момчињата да им се зголемуваат градите. Ова е појава што самата се повлекува по неколку месеци, најмногу година.

Настанува бидејќи во телото почнуваат да се лачат хормони како естроген. Сосема е нормално“.

mazhi-otkrivaat-raboti-shto-posakuvam-da-gi-znaev-za-seksot-i-pubertetot-porano-05.jpg

Секако, има и по некоја шега:

„Посакувам да знаев дека вагината е многу близу до аналниот отвор“.

Прочитајте и: Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg