Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“

„Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација на 9 години, се разбудив во крв и мислев дека умирам бидејќи не знаев ништо“.

zheni-otkrivaat-shto-posakuvam-da-znaev-porano-za-seksot-i-zhenskoto-zdravje-001.jpg

Повеќето жени, но и мажи, она што го знаат за сексуалното здравје го научиле од разни извори – нешто од интернет, нешто од другари и другарки, нешто од наставници и професори, а нешто и од родителите.

Истовремено, постојат многу работи што мажите и жените ги научиле предоцна во врска со сексуалното здравје.

На Редит, жени откриваат што би сакале да знаат порано во врска со сексот и женското здравје:

„Како навистина изгледаат срамните усни. Искрено, мислев дека нешто не е во ред, дека сум одвратна, дена никој нема да ме сака поради малите срамни усни.

Оттогаш научив дека имам нормален изглед. Но, немаше потреба да поминам низ тоа како тинејџерка. Мојата самодоверба страдаше многу“.

„Како правилно да ја чистиме вагината. Најмногу тоа дека користењето сапуни и шампони во вагината, а не само на надворешниот дел, е штетно“.

zheni-otkrivaat-shto-posakuvam-da-znaev-porano-za-seksot-i-zhenskoto-zdravje-02.jpg

„Дека постојат габични и бактериски инфекции. Дека не мора да значи дека некоја девојка или жена има сексуално пренослива болест само затоа што има симптоми“.

„Дека вагиналниот исцедок е нормален. На почетокот кога ми се појави, мислев дека несвесно уринирам во долната облека“.

„Би сакала да знаев дека вагиналниот исцедок може да ја избели темната облека. Бев многу збунета долг период, а ми беше срам да прашам некој“.

zheni-otkrivaat-shto-posakuvam-da-znaev-porano-za-seksot-i-zhenskoto-zdravje-03.jpg

„Дека сексот не треба да биде болен за жената и дека тие не треба да трпат болка само за да се задоволи партнерот“.

„Дека сексот треба да биде забавен и за двајцата партнери, не само за мажите“.

zheni-otkrivaat-shto-posakuvam-da-znaev-porano-za-seksot-i-zhenskoto-zdravje-04.jpg

„Дека е нормално и жените да имаат поизразена желба за секс и дека е нормално да бараат сексуален партнер“.

„Како навистина функционира женскиот менструален циклус – дека жената не е плодна буквално секој ден од месецот“.

„Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација на 9 години, се разбудив во крв и мислев дека умирам бидејќи не знаев ништо“.

zheni-otkrivaat-shto-posakuvam-da-znaev-porano-za-seksot-i-zhenskoto-zdravje-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg