Како изгледа вистинската љубов во модерното време, низ 18 илустрации
„Убава си и навечер, но и наутро...“ – реченицата за додворување што се најде во некои од овие симпатични илустрации. Погледнете како изгледа модерната вистинска љубов низ илустрации...
Бразилскиот илустратор Крислејн Пасос на својот Инстаграм профил редовно објавува илустрации од парот Макс и Џулија, кои се безнадежно вљубени еден во друг.
Низ илустрации од некои комични ситуации од секојдневниот живот на Макс и Џулија имаме пожност да погледнеме како изгледа вистинската љубов во денешно време, да се насмееме и ни ја враќа вербата и надежта дека вистинската личност постои за сите нас.
Крислејн за првпат го креирал парот пред неколку години додека пишувал свој роман, но се вљубил толку многу во нив и не можел да се откаже од нив, па така денес тие се главните херои во илустрациите што ги објавува.