Маж (48) со исповед: „Партнерката е сексуално поискусна од мене – се плашам дека сум ѝ здодевен“
„Бившата сопруга не беше заинтересирана за секс, а таа е единствената жена со која сум бил. Мојата нова девојка постојано сака да експериментира, а моето знаење за сексот е ограничено...“
Понекогаш се случува партнерите да имаат различно либидо и тоа може да биде вистински проблем за нив, но се случува да постојат разлики во поглед на искуството, па тука се чини дека има подвоени стандарди.
Најчесто се смета дека мажите треба да бидат поискусни и доминантни, а жените наивни и неискусни.
Можеби токму оттука потекнува и дилемата на овој маж кој вели дека се срами да признае дека заради долгогодишниот брак со сопругата која воопшто не била заинтересирана за секс останал со ограничено знаење за водењето љубов.
Тој упати писмо до колумнистката на британскиот весник The Sun, Дидре, каде признава дека негативното искуство од бракот сѐ уште влијае и врз новите љубовни врски и недостатокот од секс со поранешната сопруга му го нарушува односот и со новата партнерка.
Неговата исповед:
„Сум пробал само една секс поза во мојот живот, но мојата нова партнерка сака постојано да експериментира.
Јас имам 48 години, а мојата партнерка има 45 и двајцата имаме по еден брак зад себе.
Мојата поранешна сопруга не беше премногу заинтересирана за секс и сакаше секогаш да имаме секс во мисионерска поза, ако воопшто бевме интимни.
Ја почнавме врската кога имавме 16 години, па таа е единствената жена со која сум имал секс. Се чувствував сексуално исфрустрирано во бракот и тоа беше и една од причините заради кои се разведовме.
Сега сум со жена што има многу повеќе искуство од мене. Таа не знае дека моето познавање за сексот е мошне ограничено и се срамам да ѝ признаам.
Се обидов да ја излажам и ѝ реков дека не можам да се наситам на мисионерската секс поза.
Како да знам кои секс пози ѝ се допаѓаат?
Мислам дека се заљубувам во неа и сакам сѐ да биде совршено.“
Одговорот на ова прашање според Дидре се крие во комуникацијата меѓу партнерите. Таа веднаш го потсетува читателот дека водењето љубов не значи дека треба претходно да се чита упатство за употреба.
Советот од секс експретот:
„Прашајте ја партнерката што ѝ се допаѓа или дозволете ѝ да ви покаже. Голем број пози ќе ви дојдат природно преку експериментирање и така ќе откриете како се чувствувате најдобро.
Искористете ја фантазијата и забавувајте се.
Она што било добро со еден партнер, не значи дека ќе биде добро и со некој друг. Обидете се да се опуштите и уживајте во запознавањето на новата девојка“.
Што мислите вие? Срамота ли е мажот да признае дека претходно целиот живот бил само со една жена и дека има ограничени знаења за сексот?
Б. С. Б. | Црнобело