Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Завршив Филозофски факултет во Скопје, сите беа против, денес не работам по струка – дали се каам?“

Вечната дилема на секој човек. Дали избрав вистинска професија и дали цел живот ќе го работам она за кое учев...

Zavrsiv-filozofski-fakultet-denes-rabotam-sosema-drugo-dali-se-kaam-za-fakultetot-sto-go-zavrsiv-01.jpg

Како вчера да бирав каде да запишам на факултет. Идеи безброј, сугестии од родители, роднини, пријатели. Друштвото на една страна, јас на сосема друга.

Поделени патишта. Многу дилеми. Дали ќе се снајдам? Дали е тоа она што сакам да го работам? Вреди ли трудот за платите во Македонија? Морам да оформам ново друштво?

И така го превземав ризикот да изберам професија што ја сакам, а не е платена. На твои 18 години мислиш со срцето само, не и со главата. Не слушаш никого, освен себе.

Факултетот беше песна за мене. Со љубов листав страници, расположено полагав испити. Сите рокови запазени.

Не бркав просек и оценки, но затоа сакав брзи резултати. Се заборавав од читање. Литература наоѓав од секаде. Се трудев и вложував во себе.

Zavrsiv-filozofski-fakultet-denes-rabotam-sosema-drugo-dali-se-kaam-za-fakultetot-sto-go-zavrsiv-03.jpg

И така дојде денот кога дипломирав.

Јас горда и среќна, моите загрижени за мојата иднина.

„Потроши убави години на бесцелен факултет”, “Ќе те прашам од што ќе живееш”, “Погрешен избор”… Но, имаше и честитки од срце кои живееле и живеат сè уште со паролата „Работи го она што го сакаш, за да се чувствуваш дека не работиш воопшто”.

Поминаа речиси 20 години од завршување на мојот факултет. Денес, Филозофскиот факултет е далеку од тоа што беше.

Јас далеку од таа што бев.

Денешните генерации се помудри, верувам поразумни и логични, отколку страствени. Би рекла практични.

Zavrsiv-filozofski-fakultet-denes-rabotam-sosema-drugo-dali-se-kaam-za-fakultetot-sto-go-zavrsiv-02.jpg

Сменив многу работни места. Добив различни понуди за работа и доквалификација.

Денес, гордо ќе потврдам дека во целост создадов свој нов профил, неповрзан со факултетот што го завршив.

И не ми е криво за факултетот кој го учев со љубов, а ниту, пак, мојата пасија кон книги се намали.

Напротив. Но, теоријата на моите најблиски се потврди.

Семејство со оваа професија во Македонија не може да се нахрани.

Се пронајдов во нов свет каде што можам гордо да кажам дека напредувам. Секојдневно учам. Како и секој човек. И ќе признаам, уживам.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело / фото: pexels.com

 

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
11 хит мемиња во кои ќе се пронајде (апсолутно) секој вработен „’Киселата’ насмевка кога јас и моите колеги слушаме како шефот ни кажува колку ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
5-те најголеми маки на докторите во Македонија и светот На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во сис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg