Благодарам на шефот што ми ја вадеше душата, па си дадов отказ - ме научи важна лекција
Некогаш едноставно уживаш да работиш, а некогаш сè што доживуваш на работното место е кошмар. Среќаваме најразлични луѓе. Повеќе или помалку допадливи, но сепак сите остануваат по нешто запаметени.
На какви лекции ме научи досегашното искуство, што променив, а што учам сè уште....?
За шефицата која никогаш не ги мешаше приватните со службените обврски, која никогаш не додаваше сентименталност во работењето и ме научи дека дружбата и службата не се мешаат никогаш.
За шефот што ми покажа дека не е важно колку е сработено, туку како е сработено и кој секогаш знаеше да се заблагодари со соодветен бонус на плата.
За бескруполозниот менаџер којшто секојдневно ми ја вадеше душата до тој степен да ми се одмили работата за да дадам отказ. Благодарност и до него, што ме натера да сфатам дека работата треба да ми биде задоволство, а не малтретирање и стрес.
За колегите кои беа навистина пријатели, знаеја да ме покријат кога требаше и да ме инволвираат во тимска работа кога и да беше потребно. Што несебично споделуваа со мене работа и знаење кое денес ме направи тој што сум.
За великодушната шефица што знаеше да препознае сечиј труд и истиот да го награди. Да се заложи за секој од нас и да не направи задоволни работници што уживаат на работното место.
За човекот што ми беше претпоставен и што немаше разбирање за боледување, што не му значеше дали имам проблем, важно е да сум на работа. Чиј интерес беше само работа и работа.
За работодавецот кој правеше во секој слободен момент да се почувствувам мизерно доколку решам да земам издишка од работа, да пијам кафе, да ме фати воздух. Тоа е жално да го имаш во опкружување.
За оние колеги кои сакаат да прават „сопки” и да се фалат со „туѓите перја”… Тоа не е начин. Потруди се, создади, сподели, гордеј се.
Какви лекции научивте вие од вашите колеги и шефови низ вашата работна историја?
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. У. Т. | Црнобело / фото: freepik.com
Би можело да ве интересира:





