Како работниот ден да ви помине полесно и побрзо?
Начинот на кој работиме е лична работа и личен избор, кој може да варира од човек до човек. Но, со вистинските совети и насоки, денот може да ви е многу полесен и времето на работа да ви поминува побрзо.
За да не се изгубите во рутината „од 8 до 16,“ запаметете ги овие 6 совети и уште поважно – практикувајте ги:
1. Слушајте си го телото
Клучно е на работа да одите одморени и наспани. Иако делува како добра идеја да станете во 7.30 за во 8 да бидете на работа, сепак опцијата ви е погрешна.
Добро наспијте се, дајте си време за да се расоните и продуктивноста мерете ја по завршената работа. Кога телото ќе ви побара пауза – дозволете му ја.
Секако, тоа да не биде на 15 минути. Останете реални.
2. Излезете на ручек/пауза
Ајде да повториме. Излезете - На - Ручек. Константното седење на столчето никако не ви помага, посебно не кога на истото место работите и јадете и пиете кафе.
3. Побарајте си дополнителен монитор
Ако работите пред мал лаптоп, време е да си побарате дополнителен монитор. Мачењето да гледате во малиот екран дополнително ви го заморува окото.
4. Дефинирајте што е ваша работа
Во ера на услуги, тешко е да одвоите што правите од што сте добри и од помош, а што за пари.
Научете да кажете „не“ кога веќе сте натрупани со ваши обврски.
5. Пронајдете што ве смирува
Тоа може да е музика, мирис или едноставно – атмосферата на бирото. Сетете се неколкупати во денот да ја опуштите вилицата и да ги спуштите рамениците. Телото и умот ќе ви бидат благодарни.
6. Исклучете ја камерата
Во време на онлајн состаноци, важно е да направите селекција што може да се реши со едноставно допишување преку еден до два мејла.
Константното разговарање може непотребно да ве исцрпи и да ви одземе многу повеќе време.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





