Вирален хит: Писмо до суровата менаџерка од хигиеничарката што ја избркала од работа
За жал постојат луѓе што не сфаќаат дека секогаш треба да се цени чесниот труд на човекот, без разлика кој е, што работи и каква е неговата професија. Многумина знаат да гледаат „од височина“ врз хигиеничарите, да ги потценуваат и да ги понижуваат.
Една жена хигиеничрка го завршила својот работен ден, но и работен век со искрено писмо до нејзината „сурова“ и „агресивна“ менаџерка.
Синот на Џули Казинс, Џон, го сподели нејзиното писмо упатено до колешките, но и до менаџерката, која истиот ден ја укорила и ја натерала да се пензионира.
Со фотографија од писмото на социјалните мрежи синот ѝ посака на мајка си среќно пензионирање и напиша дека токму затоа ја сака. Како што напиша тој, таа 35 години ги чистела банките и „секогаш последна се смеела“.
Еве што напиша Џули во нејзиното писмо:
„Здраво дами, утре последен пат ќе чистам за HSBC. Подготвив кофа со материјали за чистење за следната чистачка, која и да е!
Ја напуштив работата откако Вие ме укоривте во канцеларијата.
Беше агресивно и сурово, но тоа е одраз на вашиот карактер, не на мојот.
Па, да продолжам, ве молам запомнете: Во светот каде што можете да бидете што било: БИДЕТЕ ЉУБЕЗНИ.
Затоа што не сте подобри од хигиеничарката.“
Нејзините зборови станаа вирални на социјалните мрежи. Голем број луѓе ја поздравија нејзината искреност и се пронајдоа во нејзините зборови.
Реалноста е дека многумина се соочуваат со слични проблеми на работното место. За жал, голем дел од нив немаат можност да се пензионираат и да остават белешка во која последни ќе се насмеaт.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: The Sun